Втора шлезвишка војна (; Други имиња за војната се Данско-пруска војна, Германско-данска војна, Пруско-данска војна, Војната од 1864 и Војна на наследство на Шлезвиг-Холштајн.) — втор вооружен судир како последица на нерешениот статус на Шлезвиг-Холштајн. Започнала на 1 февруари 1864 година, кога пруските сили ја преминале граница во Шлезвиг.
Данска се бореле против Прусија и Австрија. Како и во Првата шлезвишка војна (1848–51), борбата била за контрола на Војводствата Шлезвиг и Холштајн поради нивното управување откако данскиот крал умрел без наследник прифатлив за Германскиот Сојуз. Одлучувачкиот спор произлегол по донесување на Ноемврискиот устав, со кој Војводството Шлезвиг се припојувало во данското кралство со што се прекршувал Лондонскиот протокол од 1852 година.
Причините за војната била етничката расправа во Шлезвиг и постоењето на двојни политички системи во рамките на данската унитарна држава.
Војната завршила на 30 октомври 1864 година, кога бил потпишан Виенскиот договор со кој Данска ги предала Војводството Шлезвиг, Холштајн и Саксо-Лауенбург на Прусија и Австрија.
Поврзано Шлезвиг Прва шлезвишка војна
Наводи
Надворешни врски
Данска воена историја - Шлезвишки војни Данска воена историја - Статија за војната од 1864 година Данска поморска историја Холштајнската бригада излегува од тврдината во Рендсбург Детална карта на областа околу градот Шлезвиг Карта на источниот дел на Даневирке
Категорија:Судири во 1864 година Категорија:Историја на Шлезвиг-Холштајн Категорија:Војни на Австрија Категорија:Војни на Данска Категорија:Војни на Прусија Категорија:Војни на Германија Категорија:Војни за наследство