Бармштет () — град во округот Пинеберг, во јужниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 8 километри североисточно од Елмсхорн и 30 километри северозападно од Хамбург. Со своите 10.000 жители е најмалиот град во округот Пинеберг. Познат е нашироко како чевларски град.
Градот се наоѓа на малата река Крикау, која се влева во Елба. Во близина се наоѓа и Ранцауското Езеро.
Градот претставува административно седиште на општинските заедници Хернеркирхен и Ранцау.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Пинеберг (округ)