Бенингштет () — општина во округот Пинеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 8 километри источно од Пинеберг и 13 километри северно од Хамбург. Миленау и Ругенведелзау течат низ општината.
Кон општината припаѓаат местата Винцелдорф и Ругенберген. Бенингштет бил седиште на поранешната истоимена општинска заедница. Помеѓу јануари 2007 година и јануари 2013 година бил дел од општинската заедница Пинау. До 1 август 2008 година претставувал и нејзино седиште, откога тоа било преместено во Релинген. Од 1 јануари 2013 година ја напуштила општинската заедница Пинау и сега претставува слободна општина, која административно соработува со градот Квикборн.Pinneberger Tageblatt, 14 септември 2012
Бенингштет е поврзан со јавниот сообраќаен систем на Хамбург преку железничката компанија АКН.
Повикувачкиот број во Бенингштет започнува со 040 (за Хамбург), иако општината се наоѓа во покраината Шлезвиг-Холштајн, каде броевите започнуваат со 041XX.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Пинеберг (округ)