Љупчо Мешков (роден во година во Скопје) — македонски политичар.

Животопис

Љупчо Мешков дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Професионалната кариера ја остварил во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, каде се вработил во 1973 година и извршувал повеќе раководни и советнички функции, со прекин од четири месеци, кога извршувал должност на секретар на Секретаријатот за организација и прописи во Собранието на Град Скопје.Собрание на Република Македонија Во периодот 2000-2002 година, тој бил генерален директор на Фондот. Освен тоа, Мешков бил и член на претседателството на Спортското друштво Вардар, во периодот од октомври 1993 до септември 1994 година.

На Парламентарните избори од 1994 година, 2002 и 2006 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Либералната партија на МакедонијаСобрание на Република Македонија.

Во периодот од 28 август 2006 до 27 јули 2008 година, тој ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2006 Категорија:Политичари од ЛПМ Категорија:Политичари од НЛП Категорија:Министри за труд и социјална политика на Република Македонија Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје