Саша Николовски - Ѓумар (, - , ) — македонски диригент и универзитетски професор..
Животопис Ѓумар е роден 1966 година во Битола. Дипломирал на ФМУ на отсекот за музичка теорија и педагогија и на отсекот за композиција и диригирање кај проф. Фимчо Муратовски. Во 1996 година специјализирал на конзерваториумот „Николај Римски-Корсаков" во Санкт Петербург кај еминентните педагози Илија Мусин и Николај Кукушин. Во 1999 година ги завршил постдипломските студии на музичката академија „Панчо Владигеров" во Софија кај проф. Васил Казанџиев. Од 1998 на Факултетот за музичка уметност предавал хорско и оркестарско диригирање, Оперско студио и група предмети од областа на диригирањето. Настапуваше во Унгарија, Романија, Бугарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Починал ненадејно од срцев удар во Скопје на 14 јануари 2017 година.
Творештво На 8 ноември 2014 година, Саша Николовски-Ѓумар го предводел Словенечкиот симфониски оркестар на концертот на кој била изведувана музика од југословенски филмови и тв-серии, одржан во „Галусова дворана“ во „Цанкарјев дом“ во Љубљана.„Ѓумар ќе диригира музика од југословенските филмови“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 18. За неговата работа со ансамблот за современа музика „Св. Софија“, во 2001 година е добитник на наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на фестивалот „Денови на македонска музика“.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски диригенти Категорија:Професори на ФМУ Категорија:Луѓе од Битола