Амелија Мери Ерхарт (24 јули 1897 - исчезна 2 јули 1937) била американски воздухопловен пионер и писателка.Morey 1995, p. 11. Ерхарт беше првата пилотка да лета сама низ Атлантскиот Океан.Pearce 1988, p. 95. Таа поставила многу рекорди, напишала книги за нејзините искуства како пилот и беше инструментална во формирањето на The Ninety-Nines, организација за жени пилоти.Lovell 1989, p. 152. Таа била член на Националната Партија на Жените и ран поддржувач на Амандманот за Еднакви Права."Timeline: Equal Rights Amendment, Phase One: 1921–1972." feminism101.com. Retrieved: June 4, 2012.Francis, Roberta W. "The History Behind the Equal Rights Amendment." equalrightsamendment.org. Retrieved: June 4, 2012.

Ерхарт се залагаше за женските пилоти и кога во 1934 Бендикс Трофеј трката била забранета за жени, таа отворено одби глумица Мери Пикфорд да ја однесе со авион во Кливленд на трката.Oakes 1985, p. 31.

Идеите на Ерхарт за бракот биле либерални за тоа време, таа верувала во еднакви обврски и за двата партнери и демонстративно го задржала сопственото име, наместо да стане г-ѓа Патнам.Pearce 1988, p. 82.

Кога се обидела да направи кружен лет околу светот во 1937 година, Ерхарт исчезна над центарот на Тихиот Океан во близина на Хауланд Ајленд. Фасцинацијата со нејзиниот живот, кариера и исчезнување продолжува до овој ден."The Mystery of Amelia Earhart". Social Studies School Service. Retrieved: June 3, 2012.

Ерхарт беше широко позната меѓународна славна личност за време на нејзиниот живот. Нејзината харизматичност, независност, упорност, контрола под притисок, храброст и кариера, заедно со околностите на нејзиното исчезнување на релативно рана возраст и обезбедиле трајна слава во популарната култура. Стотици написи и голем број на книги се напишани за нејзиниот живот кој често се наведува како мотивациона приказна, особено за девојчињата. Ерхарт генерално се смета за феминистичка икона.Hamill 1976, p. 49.

Достигнувањата на Ерхарт во воздухопловството инспирирале генерација на женски пилоти, вклучувајќи повеќе од 1.000 жени пилоти во WASP, кои служеле како транспортни пилоти за време на Втората светска војна.Regis 2008, pp. 102–105.Haynsworth and Toomey 1998

Наводи

Категорија:Родени во 1897 година Категорија:Починати во 1937 година Категорија:Писатели Категорија:Американски воздухопловци Категорија:Воздухопловни пионери Категорија:Феминистки Категорија:Американски писатели Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Починати во непозната година Категорија:Американски феминистки Категорија:Починати во 1939 година