Свети Илија — главна селска црква историското штипско село Патрик, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на местото на некогашното село Патрик и е единствен остаток од него. До нејзе може да се стигне преку земјен пат кој започнува од превојот помеѓу Неготино и Штип на регионалниот пат 1103. Бидејќи црквата се наоѓа во рамки на самото ловиште „Конечко“, пристапот до црквата е ограничен.
Во 2020 година била издадена „Процена на загрозеноста од елементарни непогоди кај православните верски храмови во општина Штип“ од страна на Центарот за управување на кризи и Универзитетот „Гоце Делчев“ во која се вели дека црквата врз основа на својата градба, местоположба и околина е загрозена од појава на пожари.
Историја
Првобитниот храм бил разрушен за време на Втората балканска војна, кога било разорано и самото село. Но, видливите остатоци од објектот и од фрескоживописот, довело до повторна обнова. Со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Стефан, реставрацијата била отпочната во 1988 година.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува живопис.
Икони и иконостас
Во нејзе се наоѓа мал иконостас.
Галерија
Поврзано Штипско архијерејско намесништво Осма приградска парохија Патрик (Штипско)
Наводи
Надворешни врски
Патрик