Мароко првпат учествувала на Олимписките игри во 1960 година и оттогаш испраќала спортисти на сите Летни олимписки игри, освен кога ги бојкотирале Игрите во 1980г.. Мароко исто така ги бојкотирала Игрите од 1976 г., повлекувајќи се откако испратиле делегација. Со тоа, Мароко се приклучила на бојкотот на Игрите од 1980 г. на повеќето африкански земји.Africa and the XXIst Olympiad , Olympic Review Само еден марокански репрезентативец имал време да настапи пред повлекувањето на државата: Абдерахим Наџим настапил во категоријата мува во бокс и го изгубил првиот и единствен меч.
Марокот исто така учествувала шест пати на Зимските олимписки игри од 1968 година.
Мароканските спортисти имаат освоено вкупно дваесет и два медали, осумнаесет во атлетика и три во бокс. Хихам ел-Геруџ, два златни медали и еден сребрен медал, и Саид Ауита, со еден златен и сребрен медал, се двајцата двократни медалисти на Мароко.
Националниот олимписки комитет за Мароко во 1959 година.
Табели на медали Медали
Рим 1960 0 1 0 1 Токио 1964 0 0 0 0 Мексико 1968 0 0 0 0 Минхен 1972 0 0 0 0 Монтреал 1976 0 0 0 0 Москва 1980 не учествувала Лос Анџелес 1984 2 0 0 2 Сеул 1988 1 0 2 3 Летни олимписки игри 1992 1 1 1 3 Атланта 1996 0 0 2 2 Сиднеј 2000 0 1 4 5 Атина 2004 2 1 0 3 Пекинг 2008 0 1 1 2 Лондон 2012 0 0 1 1 Вкупно 6 5 11 22
Медали по спорт
Атлетика 6 5 8 19 Бокс 0 0 3 3 Вкупно 6 5 11 22
Наводи
Категорија:Спортот во Мароко