Инес Милхоленд (6 август 1886 - 25 ноември 1916) била активистка за правото на глас на жените, кореспондент на Првата светска војна, и јавен говорник која во голема мера влијаела на женското движење во Америка. Таа била активна во Народната Партија на Жената и клучен учесник во парадата за правото на глас на жените во 1913 година.
Нејзиниот татко поддржувал многу реформи, меѓу кои биле светскиот мир, граѓанските права и правото на глас на жените. Нејзината мајка ги изложила децата на културна и интелектуална стимулација.Nicolosi, Ann Marie "The Most Beautiful Sufragette: Inez Milholland and the Political Currency of Beauty." Journal of the Gilded Age and Progressive Era, July 2007. pp 287-310.
За време на студирањето на Васарскиот колеџ таа била суспендирана за организирање на состанок за правата на жените. Претседателот на Васар ги забранил ваквите состаноци, но Милхоленд и други сепак имале редовни состаноци за ова, заедно со големи протести и петиции. Како студент таа била позната како активен радикал. Таа го започна движењето за правото на глас на Васар, поддржувано од две третини од студентите, и ги научила на принципите на социјализмот. Со радикалната група таа присуствуваше на социјалистички средби, кои исто така биле забранети од факултетот."Inez Milholland Boissevain." Dictionary of American Biography. New York: Charles Scribner's Sons, 1936. Gale U.S. History In Context. Web. Oct 6, 2011.
На 22 октомври 1916 година, таа се онесвестила за време на говор во Лос Анџелес и била пренесена во болница. И покрај постојаната трансфузија на крв, таа починала на 25 ноември 1916 година.
Последните јавни зборови на Милхоленд биле: "Господине претседателе, колку долго треба да чекаат жените за слобода?"
Наводи
Категорија:Адвокати Категорија:Феминистки Категорија:Родени во 1886 година Категорија:Починати во 1916 година