Езѓан Алиоски или Ѓани (роден на ) — македонски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Лугано и на македонската репрезентација. Има и швајцарски пасош.

Рани години Алиоски е роден во Прилеп во 1992 година. Неговото семејство е од прилепското село Црнилиште каде и Езѓан израснал. Заминал во Швајцарија уште како дете, каде ја започнал својата фудбалска кариера.

Клупска кариера Рана кариера Алиоски ја започнал својата кариера во вториот тим на Јанг Бојс каде во периодот од 2010 до 2013 постигнал 4 гола на 57 натпревари. Во јануари 2013 година преминал во Шафхаузен како позејмен играч каде подоцна прави и целосен трансфер. За екипата на Шафхаузен постигнал 4 погодоци на 77 натпревари.

Лугано Во јануари 2016 година, Алиоски преминал во редовите на прволигашот Лугано на заем до крајот на сезоната 2015-2016. Своето деби за Лугано го направил на 13 февруари во поразот со 2-1 од Тун. Иако бил доведен како лев бек, тренерот на Лугано Зденек Земан увидел во него голем напаѓачки потенцијал и започнал да го користи понапред како десно крило па дури и како напаѓач до крајот на сезоната. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 11 мај 2016, во победата со 4-0 над Цирих.

По завршувањето на заемот, Алиоски потпишал перманентен договор со Лугано во јуни 2016 откако претходно му истекол договорот со Шафхаузен. Во сезоната 2016-2017, Алиоски експлодирал и постигнал 16 гола и имал 14 асистенции (со што бил трет во првенството во двете категории) во 34 настапи за Лугано. Исто така бил избран во Идеалниот тим на сезоната во швајцарското првенство.

Лидс Јунајтед На 13 јули 2017, Алиоски потпишал четиригодишен договор со англискиот клуб член на Чемпионшип, Лидс Јунајтед. Своето деби го направил на 6 август 2017, во победата со 3–2 против Болтон Вондерерс забележувајќи асистенција во тој натпревар за голот на Крис Вуд. Својот прв погодок за Лидс го постигнал на 26 август 2017, во победата со 2-0 над , во која исто така бил избран за играч на натпреварот. Голот подоцна бил избран за „Гол на месецот во Чемпионшип“. Во ноември 2017 година, Алиоски постигнал гол на сите четири натпревари на Лидс Јунајтед и беше награден со наградата на клубот за играч на месецот. Во ноември 2017 година, Алиоски постигнал гол на сите четири натпревари на Лидс Јунајтед и бил награден со прогласување за играч на месецот на клубот. На 16 април 2018 година, Алиоски бил номиниран како еден од четворицата играчи во конкуренција за добивање на наградата за Играч на годината на Лидс Јунајтед. Пет дена подоцна, Алиоски го постигнал победничкиот гол, со својот седми за сезоната, во победата од 2–1 за Лидс во дербито на Јоркшир против Барнсли. Првата сезона во англискиот клуб ја завршил со 7 гола и 5 асистенции. На 5 мај 2018, неговиот гол кој го постигнал против Нотингем Форест порано во сезоната бил прогласен за „Гол на сезоната на Лидс Јунајтед“.

Репрезентативна кариера мини|left|Алиоски со македонската репрезнетација Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на 11 октомври 2013 во натпреварот Велс-Македонија (1-0). Galles-Macedonia 1-0 Eu-football.info Својот прв погодок за македонската репрезентација го постигнал на 5 септември 2016, во поразот од Албанија со 2-1 во натпревар од Квалификациите за Светското првенство 2018 одигран во Скадар.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Статистиката е ажурирана на 22 август 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2012-2013 3Л 10 0 КШ 0 0 - - - - - - 10 02013-2014 ЧЛ 26 2 КШ 2 0 - - - - - - 28 22014-2015 ЧЛ 35 2 КШ 1 0 - - - - - - 36 22015 ЧЛ 16 0 КШ 2 0 - - - - - - 18 0Вкупно Шафхаузен 87 4 5 0 - - 92 4јан.-јун. 2016 ШСЛ 16 3 КШ 2 0 - - - - - - 18 32016-2017 ШСЛ 34 16 КШ 2 1 - - - - - - 36 17Вкупно Лугано 50 19 4 1 - - - - 54 202017-2018 ЧЛ 42 7 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - - 45 72018-2019 ЧЛ 4 1 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 5 1Вкупно Лидс Јунајтед 46 8 4 0 - - - - 50 8Вкупно во кариерата 183 31 13 1 - - - - 196 32

Титули Клупски Лидс Јунајтед Чемпионшип : 1 2019–2020

Наводи

Надворешни врски

Езѓан Алиоски на soccerway Езѓан Алиоски на transfermakt

Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери од Прилеп Категорија:Фудбалери на ФК Шафхаузен Категорија:Фудбалери на ФК Лугано Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК Ал Ахли Џеда Категорија:Црнилиште Категорија:Живи луѓе