Капина — археолошко наоѓалиште во прилепското село Костинци. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и најверојатно претставува некропола. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека северозападно од селото, а во близина на наоѓалиштето Манастириште се наоѓа место со гробови. Гробовите од внатрешната страна биле обложени со земјени плочи.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Поврзано Манастириште — неопределено наоѓалиште од непознат период; Дуња — неопределено наоѓалиште од непознат период; Костинци; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Костинци