Кремпау (; понекогаш Кремпер Ау) — јужна (лева) притока на реката Штер, во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Кремпау е последната притока на Штер пред нејзиното влевање во Елба. Долга е околу 20 километри, вклучувајќи го подземниот дел 25 километри и тече јужно од Бранде-Хернеркирхен во округот Пинеберг. Од таму тече кон запад, поминувајќи помеѓу Хоенфелд и Штајнбург, продолжувајќи кон југ, а подоцна кон југозапад низ Зидерауердорф, Аудорф и Зидерау. Од Зидерау тече кон северозапад кон Кремпе, каде прави свртување и повторно тече кон југозапад низ Кремпдорф и Борсфлетербител, каде прави свртување кон север, поминувајќи низ Борсфлет, каде се влева и во Штер.
Галерија
Поврзано Список на реки во Шлезвиг-Холштајн
Наводи
Надворешни врски
Информации за Кремпау (PDF; 484 kB)
Категорија:Реки во Шлезвиг-Холштајн Категорија:Слив на Штер