Филомена (англиски: Philomena) е британски филм, во режија на Стивен Фрирс, според сценариото на Стив Куган и Џеф Поуп. Главните улоги ги толкуваат: Џуди Денч, Стив Куган, Софи Кенеди Кларк, Мер Винингам и Барбара Џефорд. Филмот освоил девет награди на фестивалот во Венеција, а имал три номинации за „Златен глобус“ и четири номинации за „Оскар“ (во категориите: најдобар филм, најдобра глумица, филмска музика и адаптирано сценарио).„Трогателна приказна по изгубениот син“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 3.Кинотека на Македонија, Програма - ноември 2015

Содржина Забременувајќи како тинејџерка во Ирска, во 1952 година, Филомена (ја игра Денч) ја испраќаат во манастир како „нечесна жена“. Бебето ѝ го одземаат калуѓерките и го испраќаат во САД. Во текот на следните 50 години, Филомена упорно си го бара детето. Еден ден, таа го запознава новинарот Мартин Сиксмит (го игра Куган), кој е разочаран од светот и кој е заинтересиран за нејзината приказна.Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 18.Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 17.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2013 година Категорија:Филмови на Стивен Фрирс Категорија:Филмови со Џуди Денч Категорија:Филмови со Стив Куган