Драгаш (, горански дијалект: Драгаш; понекогаш: Краковишта или Кракошта) — гратче и општина во Призренскиот Округ, јужно Косово. Сместено е во планинската област Гора. Населението на општината изнесува 28.896, а во гратчето живеат 1.332 жители. Името го добило по средновековниот велможа Константин Дејанов наречен „Констандин Драгаш“.

Историја Од 1929 до 1941 г. Драгаш бил дел од Вардарската Бановина во рамките на Кралството Југославија.

Општината Драгаш е создадена од страна на УНМИК со спојување на две општини: Гора и Ополе (втората денес е во Општина Призрен според српското сметање).

Географија Територијата на Општина Драгаш е опкружена со Шар Планина од исток, Галица од запад, Коритник од северозапад. Само еден дел од територијата во насока на Призрен е ридска и релативно порамна.

Население Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Срби и 50 јужнословенски муслимани.

Општината е поделена меѓу областите Гора и Ополе. Мнозинството од Горанците живеат во Гора, додека пак Албанците се мнозинство во Ополе. Има и значителен број на Бошњаци во општината.

1971 – 13,867 (51.6%) Албанци; 11.076 (41,3%) Горанци и Бошњаци – вкупно 26.850 1981 – 18,623 (53%) Албанци; 15.942 (45,5%) Горанци и Бошњаци – вкупно 35.054 1991 – 22,785 (57.8%) Албанци; 16.129 (40,9%) Горанци и Бошњаци – вкупно 39.435 Според ОБСЕ населението е следново:

јануари 1999 – 27.633 (61,3%) Албанци; 17.470 (38,7%) Горанци и Бошњаци – вкупно 45.103 мaрт 2000 – 24.856 (78%) Албанци; 9.706 (28,1%) Горанци и Бошњаци – вкупно 34.562 јануари 2006 – 22.800 (55,9%) Албанци; 17.975 (44,1%) Горанци и Бошњаци – вкупно 40.775

Населени места во Општина Драгаш

Населените места во Општина Драгаш (Општина Шара) им припаѓаат на областите Гора (делот наречен Призренска Гора) и Ополе. Тука се дадени посебно од културно-историски причини — имено бидејќи Гора е населена со Горанци, а Ополе денес е претежно албанско.

+Населени места во Призренска ГораНаселено местоСлужбено имеНаселение(2011)СрпскиАлбанизираноБачкаБачка / БаћкаBaçkë / BaçkaБродБродBrodВраништеВраништеVranishtëГлобочицаГлобочицаGlloboçicë / GlloboqicëГорна РапчаГорња РапчаRapçë ( Rapçë e Epërme) (со Д. Рапча)Горни (Мал) КрстецГорњи (Мали) КрстацKërstec ( Kërsteç i Epërm) (со Г. Крстец)ДиканцеДиканцеDikancëДолна РапчаДоња РапчаRapçë ( Rapçë e Ulët) (со Г. Рапча)Долни (Голем) КрстецДоњи (Велики) КрстацKërstec ( Kërsteç i Ulët) (со Д. Крстец)ДрагашДрагашDragash / SharrЗли ПотокЗли ПотокZlipotokКрушевоКрушевоKrushevëКукаљанеКукуљанеKukjanЛештанеЛештанеLeshtanЉубовиштаЉубовиштеLubovishtëМликеМликеMlikëОрчушаОрчушаOrqushëРадешаРадешаRadeshëРестелицаРастелицаRestelicë

+Населени места во ОполеНаселено местоСлужбено имеНаселение(2011)СрпскиАлбанизираноБелобродБелобродBellobradëБљачБљачBlaçБрезнаБрезнаBreznëБродосавцеБродосавцеBrodosanë/BresanëБрутБрутBrrutБузецБузецBuzezБучаБучаBuçë ЗаплужјеЗаплужјеZaplluzhëЗгатарЗгатарZgatarЗјум ОполскиЗјум (Опољски)ZymЗрзеЗрзеXërxëКапраКапраKapreКосовцеКосовцеKosavëКуклибегКуклибегKuklibegКуковцеКуковцеKukПлаваПлаваPlavëПлајникПлајникPllajnik/PllajëРенцеРенцеRrencШајиновацШајиновацShajnë

Стопанство Главните работодавци во оваа област се на општината, полицијата на УНМИК и приватни фирми како „Кук Комерц“, „Мека“ и поранешните државни претпријатија.

Сите големи локални компании беа порано државни и, како и насекаде во Косово, во моментов се во надлежност на КТА. Оригиналната стратегија на УНМИК кон овие јавни претпријатија се состои од спроведување на процесот на „комерцијализација“. Овој процес се верува дека е најдобар начин за заживување на претпријатијата, иако нема странски инвеститори.

Родови Драгаш е горанско село.

Според истражувањата од 1936/37 година, родови во селото се:

Староседелци: Драгашевци (10 к.), Аметовци (21 к.) и Шеховци (10 к.) Доселеници: Дутевци (11 к.) доселени се од Крушево во Македонија. Дуте дошол како чорбаџија. Тука се земал со некоја девојка од Шеховци и преминал на ислам. Тоа било пред пет колена (во 1936/37).

Поврзано Гора (област)

Белешки и наводи Белешки

Надворешни врски

Категорија:Градови во Косово Категорија:Драгаш Категорија:Гора Категорија:Горански населби во Косово