https://twitter.com/silvanwidmer27 twitter

Силван Видмер (роден во Арау, 5 март 1993) — швајцарски фудбалер, играч од одбраната на Мајнц 05 и на швајцарската репрезентација.

Технички карактеристики Агилен играч, кој има добар удар со глава, солидни физички предиспозиции, одлично чувство за заземање добра позиција на теренот и може да игра во сите улоги по десната страна; во одбрана со четворица и како бек/крило во 3-5-2 формација.

Клупска кариера Својте фудбалски почетоци Видмер ги направил во екипата на Виренлос, каде тренирал шест години пред да се префрли во екипата на Баден во 2007 година. Во 2008 година, бил купен од страна на Арау, фудбалски клуб, од неговиот роден град. Во сезоната 2010-11, одиграл 9 натпревари за вториот тим на Арау, а во летните подготовки за новата сезона бил промововиран во првиот тим и му бил доделен дресот со број 4. Своето професионално деби го направил на 23 јули 2011, во победата на гости над Винтертур во Швајцарската Челенџ лига.. Својот прв погодок во кариерата го постигнал на 21 ноември, во ремито 2-2 против Санкт Гален на домашен терен. Својата прва сезона во дресот на Арау ја завршил со 29 првенствени настапи и 3 гола.

На 8 април 2012 година потпишал за Гранада, шпански клуб во сопственост на Џампаоло Поцо (инаку сопственик и на италијанскиот прволигаш Удинезе), но сезоната ја поминал на заем во Арау, каде бил одличен постигнувајќи 8 гола во 34 настапи.

Пред почетокот на следната сезона, Гранада решила да му го продаде Видмер на Удинезе за сума од 750.000 €. Клубот му го доделил дресот со број 27, кој претходно со голем успех го носел колумбиецот Пабло Армеро. Тој дебитирал за Удинезе на 1 август 2013 година во натпревар од квалификациите за Лига Европа против Широки Бријег кој Удинезе го добил со 3-1 во Босна. На 24 ноември 2013 дебитирал во Серија А, влегувајќи од клупата во натпреварот против Фјорентина. На 9 јануари 2014 година го имал своето деби во италијанскиот куп играјќи ги сите 90 минути во вториот круг; Удинезе - Интер (1-0).

Својот прв гол за Удинезе го постигнал на 2 ноември 2014, во поразот со 2-4 на домашен терен од Џенова. Голот го постигнал со низок, прецизен удар во спротивниот агол, по одличното додавање на Антонио Ди Натале.

Репрезентативна кариера Дебитирал за швајцарската репрезентација под 18 години во 2010 година, а откако запишал 8 натпревари на кој постигнал еден гол, во 2011 година бил повикан во репрезентацијата под 19 години.

29 февруари 2012 година го направил своето деби во репрезентацијата под 21 година, играјќи како стартер против врсниците од Австрија.

Клупска статистика СезонаКлубПрвенствоНационален купКонтинентален купОстанати куповиВкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2011-2012 Арау ЧЛ 29+2Плејоф-промоција/испаѓање 3+0 КШ 1 0 - - - - - - 32 3 2012-2013 ЧЛ 34 8 КШ 2 0 - - - - - - 36 8Вкупно Арау 63+2 11+0 3 0 - - - - 68 11 2013-2014 Удиинезе А 16 0 КИ 2 0 ЛЕ 1 0 - - - 19 0 2014-2015 А 11 1 КИ 1 0 - - - - - - 12 1Вкупно во кариерата 90+2 12 6 0 1 0 99 12

Наводи

Надворешни врски Силван Видмер на soccerway Силван Видмер на transfermakt Силван Видмер на whoscored Силван Видмер на espn Силван Видмер на Goal.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери на ФК Базел Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026