Звучната забна струјна согласка е вид на согласен звук кој се користи во некои јазици. Знакот според МФА е , а еквивалентиот знак по X-SAMPA е D. Забните струјни согласки се нарекуваат уште и „меѓузабни“ бидејќи тие често се изговараат со јазикот помеѓу горните и долните заби, а не само со притискање на задниот дел од забите, како кај другите забни согласки.
Кириличната буква за овој глас е ҙ, која се јавува во башкирскиот јазик.
Особености Звучната забна струјна согласка ги има следниве особености:
Го нема зажлебениот јазик и насочениот воздушен тек, ниту пак високата честота на шушкавите согласки.
Јазици Во следниве транскрипции, подредниот дијакритички знак може да се употреби за означување на приближната согласка . Јазик Збор МФА Значење Белешки албански i verdhë 'злато' алеутски Аткански дијалект 'око' англиски this 'ова' арапски Стандарден ذهب 'злато' берта 'мете' велшки bardd 'бард' гвичински niidhàn 'сакаш' грчки δάφνη 'дафина', 'ловор' дански vide 'знае' елфдалски baiða 'чека' западен новоарамејски ? 'еден' кабилски 'истоштен' каталонски cadàver 'мртовец' окситански гасконски que divi 'што јас треба...' португалски европски nada 'ништо' Северни и централни дијалекти. сардински nidu 'гнездо' свахили dhambi 'грев' сиуански лакота ? 'пет' тамилски ஒன்பது 'девет' танана dhet 'џигер' тучонски Северен edhó 'кожа' јужно наречје adhǜ фиџиски ciwa 'девет' хан ë̀dhä̀ 'кожа' харасиски 'пчела' шпански dedo 'прст'
Поврзано Безвучна забна струјна согласка
Наводи
Категорија:Согласки