Еврејски празници — празници почитувани од ЕвреитеОваа статија се фокусира на практиките на важечкиот рабински јудаизам. Караимските евреи и Самарјаните ги слават библиските празници, но не на ист начин и не во исто време. во текот на годината, познати и како еврејски слави, или, Јамим товим ( „Добри денови“, еднина Јом тов), се преземени од три извори: библиски мицви („заповеди“), рабините, и од современата историја на Израел.
Општи замисли
Групирања
Одредени поими се користат како како ознаки за групи од празници. Големи празници се однесува на Рош ашана и Јом кипур. На хебрејски истото гласи, Јамим нораим (ימים נוראים), „Денови за восхит“, и се однесува на повеќе празници: може да се однесува само на тие празници или на Десетте денови на покајание, или пак на целиот потенцијален период, започнувајќи од самиот почеток на месецот Елул. Поимот Три празници за поклонение (שלוש רגלים, шалош регалим) се однесува на Пасха, Шавоут и Сукот. Во оваа група Сукот ги вклучува и Шемини ацерет и Симхат Тора.
Поими за опис на празниците
Одредени поими се користат за различни категории на празници, во зависност од нивниот начин на постанување и самата нивна природа:
Шабат (שבת), се нарекува само со ова име. На сличен начин, Рош ходеш (ראש חודש) е познат само под тоа име. Јом тов (יום טוב) се користи за празници кои имаат библиско потекло и кај овие празници е забрането мелаха. Станува збор за празниците Рош ашана, Јом кипур, првите денови на Сукот, Шемини ацерат Симхат Тора, првиот и последен ден од Пасха и Шавуот. Моед (מועד), множина моадим (מועדים), се однесува на секој од Три празници за поклонение на Пасха, Шавуот и Сукот. Кога ќе се спореди со Јом тов се однесува на Хол амоед, средишните денови на Сукот и Пасха. Хаг или Чаг (חג), множина чагим (חגים), може да се користи без разлика дали е Јом тов или моед. Се користи и за опишување на Ханука и Пурим, како и за Јом аацмаут (денот на независноста на Израел) и Ден на Ерусалим. Таанит (תענית), или помалку познато како, цом (צום), се однесува на постот. Овие поими се општо користени за опис на рабинските пости, иако цом се користи во литературата и за Јом кипур.See text from the Yom Kippur liturgy available at Unetanneh Tokef (He Judges Us).
„Работа“ на Шабат и библиските празници
Најпознатата одлика на Шабат и библиските празници е потребата од воздружување од мелаха за време на овие денови.Ова „негативно“ побарување се споредува со позитивната потреба за чествување и уживање на Шабат или фестивалскиот ден. За информација за позитивните побарувања, погледајте Шабатни ритуали и Шабатни потикнати активности. Мелаха најчесто преведува како „работа“, подобар превод можеби би било дека станува збор за „креативно-конструктивна работа“. Строго кажано, мелаха се дефинира како еврејски закон (халаха) со 39 трудови категории кои се употребувани во шаторот за состаноци додека Евреите талкале низ пустината. Како што е познато традиционално и како што е во Ортодоксалниот јудаизам:
На Шабат и Јом кипур сите мелаха се забранети. На Јом тов (покрај Јом кипур, или кога се совпаѓа со Шабат), повеќето мелаха се забранети. Некои мелаха поврзани со подготовката на храната се дозволени. за викдендите за време на Хол амоед, мелаха е забранета. Сепак, мелаха треба да биде ограничена за потребите да се зајакне уживањето или потсетувањето дека сепак станува збор за празник или пак да се избегне голема финансиска загуба. На други денови, не постојат забрани за мелаха.Постои практика за жените да се воздржуваат од некои видови на труд за време на Рош ходеш, погледајте Рош ходеш и жените.
Всушност, конзервативниот јудаизам го подразбира воздржувањето од портребата за мелаха на ист начин како и Ортодоксниот јудаизам. Во практиката, конзервативните рабини најчесто одлучуваат за забрана на мелаха што е поразлично од ортодоксните авторитети.Погледајте на пример, , како приказ за двата општи концепти и одредени правила. Сепак, постои број на конзервативни заедници околу светот каде Шабат и празниците многу блиску наликуваат на ортодоксните заедници.Ова особено, иако не особено, е вистина надвор од САД. На пример, Масортскиот јудаизам во Израел и Велика Британија го отфрла северно американскиот конзервативизам за дозвола за возење до синагогата на Шабат.
Сепак, многу, ако не и повеќето, обичните членови на конзервативните здруженија во Северна Америка не се сметаат себеси почитувачи на Шабат, дури и за конзервативните стандарди.This is widely recognized as true. The best objective source is probably Jewish Identity and Religious Commitment: The North American Study of Conservative Synagogues and Their Members, 1995–96, edited by Jack Wertheimer, 1997, Ratner Center for the Study of Conservative Judaism. But reliable, updated figures are difficult to come by. Во исто време, поддржувачите на напредниот јудаизам, вклучувајќи го тука и реформистичкиот јудаизам и реконструирачкиот јудаизам, не го прифаќаат халаха, а со тоа и забраните за време на мелаха.Погледајте, на пример, Реформистичкиот јудаизам и ставот кон еврејското право и Реконструирачки јудаизам. Евреите кои се припадници на кој и да е опис се воздружуваат од мелаха по сопствено гледиште.
Спасувајќи живот. Шабат и празничните воздржувања се занемарени во случаите пикуах нефеш, што значи спасување на живот. На најосновно ниво, ако постои можност за какво и да е дејство со кое би се спасило живот, забраните за Шабат се прекршуваат веднаш, без никакво размислување.Вавилонскиот Талмуд (погледајте Сота 20-21) опишува единка која не постапува на тој начин и го нарекува часид сота, особено будалеста особа. Каде опасноста по животот е присутна но не е моментална, постои начело за што е можно помало прекршување на работните забрани за време на Шабат. Законите во оваа област се премногу сложени.YU Torah shiurim on Pikuach Nefesh: Part I, Part II, and Part III, accessed July 11, 2013.
Вториот ден на библиските празници
Во Тората постои еден датум во еврејскиот календар за одредување на празниците. Сепак, празниците со библиско потекло покрај Шабат и Јом Кипур се слават два дена надвор од Израел, и Рош ашана која се слави два дена и во самиот Израел.
Датумите за празниците во еврејскиот календар се изразени во Тората како „денот x од месец y.“ Соодветно, почетокот на месец y треба да се одреди пред соодветната дата на празникот ден x. Месеците во еврејскиот календар се месечеви, и можат да се прогласат за официјални од страна на синедрион и истото е потврдено од сведоцикој потврдуваат дека ја виделе новата млада месечина.Слични практики сеуте се користат кај исламот како и кај караимските и самарјанските заедници. Синедрионот подоцна ги известува еврејските заедници од своето место за состанување и објавува дека ја прогласува младата месечина. Практиката за славење на вториот празничен ден потекнува од потребата за раширување на објавата.See, in general, Rambam, Mishnah Torah, Kiddush HaChodesh, Chapters 3 and 5.
Рош ашана. Поради празничните забрани за патување, гласниците не можеле да го напуштат седиштето на Синедрионот сè додека на заврши празникот. Следствено, не постоел начин за некој кој живее надвор од седиштето на синедрионот да добие известување за прогласувањето на новиот месец сè до оној момент додека не пристигнале гласниците.Ова размислување не важело за вистинкото место за средба на сахедринот, но постојат други причини за употребата на таа практиката. Погледајте Рамбам, Мишне Тора, Кидуш аходеш 5:8. Три празници за поклонение. Сукот и Пасха се на 15-иот ден од месецот во кои се празниците. Со ова им се овозможува на гласниците да имаат период од две недели да ги информираат заедниците за прогласувањето на новиот месец. Секако, тие би пристигнале со сите заедници низ Израел, но тие не би пристигнале до заедниците кои се надвор од Израел. Последователно, практиката развиена за овие празници за славење е еден ден во Израел и два дена за оние кои се надвор од Израел. Оваа практика е позната какојом тов шени шел галијот, „втор ден за славење на заедницте во странство“.Rambam, Mishnah Torah, Kiddush HaChodesh 5:9–12.
За Шавоут, пресметан как петнаесеттиот де од Пасха гореспомнатиот проблем не важи директно бидејќи вистинската дата за Пасха ќе се знае тогаш. Сепак, во Талмудот е запишано и важи истото правило за Шавоут, и за Седмиот ден од Пасха и Шемини ацерет.Rambam, Mishnah Torah, Kiddush HaChodesh 3:12.
Јом кипур не се слави никаде два дена бидејќи е тешко да се издржи постот два дена.Во практиката, шахедринот имал исклучиво право да ги подреди месечните прогласи така што елул никогаш не би имал повеќе од 30 денови. Ова го намалило практичниот сомнеж кој ден треба да биде прв ден на месецот тишри. Сомнежот сè уште постоел , па Рош ашана се славела два дена. Сепак, ниското ниво на сомнеж со тежок пост кои трае 49 часа што довело да се иземе Јом кипур од потребата да се слави два дена. Ова сложено прашње поопширно е разгледано овде.
Шабат не се слави на одреден датум, туку едноставно во интервали од седум дена. Сепак не пшостои сомнеж за датумот на Шабат, и никогаш не се слави два дена.Постојат различни мислења за местоположбата на Меѓународната датумска граница и нејзината употреба во еврејското право. Оттука, некои халахик авторитети имаат сомнежи за кои ден од неделата треба да се смета дека е Шабат кај некои од тихоокеанските острови. Погледајте Меѓународна датумска граница (Еврејство).
Следбениците на напредниот јудаизам, вклучувајќи ги тука и припадниците на реформистичкиот јудаизам и реконструрачкиот јудаизам, традиционално не ги слават два дена празниците,. See in particular footnotes 1 and 2 to the responsum. но сепак некои од нив започнуваат да ја слават два дена Рош ашана.
Празници со библиско и талмудско потекло
Шабат
Еврејскиот закон (халаха) на Шабат (שבת) му определува статус на празник, ден за одмор кој се прославува на седмиот ден од секоја недела. Еврејскиот закон го определува денот кој завршува на зајдисонце кога и започнува наредниот ден. Така, Шабат започнува при зајдисонце во петок. Почетокот се означува со палењето на шабатните свеќи и со рецитирањето на кидуш над чаша вино и Шабат завршува на зајдисонце во сабота. Крајот се означува со молитвата позната како хавдала. Основните ритуали при славењето на шабат се: Читањето на неделниот дел од Тората Рецитирање на молитвата амида во три различни периоди за да се отстрани желбата за секојдневните потреби Додавање на службата мусаф кон дневните молитви Уживање во трите оброци, често проследени со молитви, низ текот на целиот ден. Воздржување од извршување на мелаха (Погледај те погоре).
На многу начини халаха го смета Shabbat како најважниот ден во еврејскиот календар.
IСтанува збор за првиот празник споменат во Танах (еврејската библија), и Бог бил првиот кој го прославил (создавањето). Во Тората може многу повеќе да се порчита за Шабат отколку за Јом кипур или кој и да е друг празник. Запишаната казна во Тората за непочитување на Шабат е смрт со каменување (протерување 31),додека казната за останатите празници е доста помала. Славењето на Шабат е одредница која се користи во халаха за да се одреди дали една личност е доследна во славењето и дали истата е религиозно посветена личност во заедницата.
Рош ходеш—новиот месец
Рош ходеш (ראש חודש) („почеток на месецот“) е мал празник или слава за почетокот на првиот ден од секој месец во еврејскиот календар, како и последниот ден од претходниот месец доколку истиот има триесет дена.
Славењето на Рош ходеш во периодот на пророците е доста добро образложено.See, for example, I Samuel 20. Со текот на времето има различни нивоа на славење на обичаите при што жените биле ослободени од одредени работни обврски.See, for example, Megillah 22b. Постењето е забрането за време на Рош ходеш. Денес славењето е ограничено на промени во литургијата. За време на месецот тишри, славењето е истиснато поради славењето на големниот празник Рош ашана. Поврзани прослави: Датумот на пред самиот Рош ходеш кога се најавува во синагогата пред Шабат.