Светот не е доволен (англиски: The World is not enough) е британски филм од 1999 година, во режија на Мајкл Ејптид. Главните улоги ги играат: Пирс Броснан, Софи Марсо и Џуди Денч. Филмот е дел од серијалот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд.

Содржина Во седиштето на МИ6 е убиен нафтениот тајкун сер Роберт Кинг. Затоа, Бонд добива задача да ја заштитува неговата ќерка Електра и нејзиното богатство. Електра е наследничка на богатите нафтени полиња во Каспиското Море, проценети на стотици милијарди долари. Нејзиното богатство е привлечно за светските моќници, а особено за Ренард, убиецот на нејзиниот татко. Ренард прави саботажа на нафтоводот на Кинг, кој во иднина би можел да обезбеди нафта за целиот свет.Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 27.

Наводи

Категорија: Британски филмови Категорија: Филмови со Софи Марсо Категорија:Филмови со Џуди Денч Категорија: Филмови со Пирс Броснан Категорија:Филмови за Џејмс Бонд Категорија:Филмови од 1999 година