250px|мини|Раствор од карбонилно соединение се додава во Грињарова реакција. Грињарова реакција, или Грињарова синтеза, е спојна реакција во органската хемија во која доколку органомагнезиумовхалоген се спои со вода се добива алкан, доколку се спои со јаглерод диоксид се добива карбоксилна киселина, а доколку се спои со карбонилни соедининија (алдехид, кетон) се добива алкохол.

Реакции со Грињаров реагенс Реакција меѓу Грињаров реагенс и вода

Грињаровите реагенси претставуваат алкил магнезиумови халогениди (RMgX). Во контакт со вода тие хидролизираат, а производ на ваквите реакции се алкан и магнезиум хидроксид халогенид.

center|x60px|Реакција помеѓу Грињаров реагенс и вода

Реакција меѓу Грињаров реагенс и јаглерод диоксид

Реакцијата меѓу Грињаров реагнес и јаглерод диоксид се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон јаглердниот диоксид, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина.

center|x60px|Реакција помеѓу Грињаров реагенс и јаглерод диоксид center|x60px|Реакција помеѓу производ на Грињаров реагенс и јаглерод диоксид со вода

Реакција меѓу Грињаров реагенс и кетон

Реакцијата меѓу Грињаров реагенс и кетон се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон двојната врска меѓу кислородот и јаглеродот, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина.

center|x60px|Реакција помеѓу Грињаров реагенс и бутан center|x60px|Реакција помеѓу производ на Грињаров реагенс и бутан со вода

Реакција меѓу Грињаров реагенс и алдехид

Реакцијата меѓу Грињаров реагенс и алдехид се одвива во две етапи. Првата етапа претставува адиција на Грињаров реагенс кон двојната врска меѓу кислородот и јаглеродот, а втората етапа претставува хидролиза на добиениот производ во присуство на разводнета киселина.

center|x60px|Реакција помеѓу Грињаров реагенс и алдехид center|x60px|Реакција помеѓу производ на Грињаров реагенс и алдехид со вода

Литература

Mary McHale, "Grignard Reaction," Connexions, http://cnx.org/content/m15245/1.2/. 2007. Grignard knowledge: Alkyl coupling chemistry with inexpensive transition metals by Larry J. Westrum, Fine Chemistry November/December 2002, pp. 10–13

Категорија:Органометална хемија Категорија:Магнезиум Категорија:Именувани реакции Категорија:Реакции што создаваат јаглеродно-јаглеродни врски Категорија:Спојни реакции Категорија:Хемиски испитувања