Селенга ) или Селенге (; — важна река во Монголија и Република Бурјатија, Русија. Се образува од реките Идер и Делгер и на крајот се влева во Бајкалското Езеро. Има вкупна должина од 992 км според едниH. Barthel, Mongolei-Land zwischen Taiga und Wüste, Gotha 1990, стр. 34f, а 1.024 км според други извори. Во нејзиното настанување учествува системот Енисеј-Ангара. Има истек од 935 м3/с кој завршува во Бајкалското Езеро, и со тоа сочинува речиси половина од речниот дотек во езерото, образувајќи делта со површина од 680 км2.
Името потекнува од евенскискиот поим селе (железо) и наставката -нга.Е.М. Поспелов, Географические названия Мира, Москва: Русские словари, 1998), стр. 378 По реката е наречена и покраината Селенге во северна Монголија. На монголски пак, глаголот селех значи „плива“.
Поврзано Ангара (река) Бајкалско Езеро Список на реки во Монголија
Наводи
Надворешни врски
Селенга — Министерство за природни ресурси на Република Бурјатија Река Селенга Државен воден регистар на Русија
Категорија:Реки во Монголија Категорија:Реки во Русија Категорија:Бурјатија Категорија:Бајкалски слив Категорија:Реки во Бурјатија Категорија:Меѓународни реки во Азија