Ориана Габриела Сабатини, позната и само како Ориана (Буенос Аирес, 19 април 1996), е актерка, пејачка и модел во Аргентина. Најпозната е по улогата на Азул во теленовелата Aliados.
Животопис Родена е во 1996 година, како ќерка на Освалдо Сабатини, аргентински глумец и претприемач, и Катерин Фулоп, глумица од Венецуела; има сестра по име Тицијана. Таа, исто така, е внука на познатата поранешна тенисерка Габриела Сабатини.
Од 2014 до 2017 година била во врска со Хулијан Серано, нејзин колега од серијата Aliados. Од летото 2018, Ориана е во врска со фудбалерот на , Пауло Дибала, со кој живеат во Торино, Италија.
Кариера Својата уметничка кариера ја започнала од рана возраст, одејќи на часови по пеење, пијано и театар. Студирала две години на институтот Хулио Чавес и една година во Њујоршката филмска академија. За првпат на телевизија се појавила во 2011 година во уругвајската теленовела Porque te quiero así, во улогата на Росио.
2013: Aliados Во 2013 година, Сабатини станува главен женски лик во серијата Aliados , со продуцентот Крис Морена и Telefe емитувана низ Латинска Америка на Фокс, каде што ги играла ликовите на Луз Азул и Медина. Исто така е добитник на наградата "Најдобар дебитант" на Детскиот Избор на Аргентина во 2013 година.
Филмографија Филмови Pérdida (2018) Qué te juegas? (2019)
Телевизија Porque te quiero así (2011) Aliados (2013) Secreto bien guardado (2018) Kally's Mashup (2018) God's Equation (2020)
Дискографија Синглови 2014 – Love is Louder (со Хулијан Серано) 2017 – Love Me Down Easy 2017 – Stay Or Run 2018 – What U Gonna Do 2018 – False Start 2019 – El Último Tango
Надворешни врски Ориана Сабатини на IMDB Ориана Сабатини на Twitter Ориана Сабатини на Instagram
Категорија:Аргентински глумици Категорија:Живи луѓе