260px|Логото на Dream Theater 220px|Лево кон десно: Џон Мјанг, Џон Петручи, Џејмс ЛаБри, Џордан Рудес, Мајк Портној.Лево кон десно: Џон Мјанг, Џон Петручи, Џејмс ЛаБри, Џордан Рудес, Мајк Портној. Информации Потекло САД Жанрови Прогресивен металПрогресивен рок Активни 1985 - денес Издавач Atlantic Мрежно место www.dreamtheater.net Членови Џејмс ЛаБриЏон МјангЏон ПетручиМајк ПортнојЏордан Рудес Поранешни членови Мајк МенџиниДерек ШеренианКевин МурЧарли ДоминичиКрис Колинс
Dream Theater се прогресивна метал група, формирана од три студенти на музичкиот универзитет Беркли во 1985. Во дваесет и едната година од нивното формирање тие постанаа едни од комерцијално најуспешните прогресивни групи, по актуелноста на прогресивниот рок во средината на седумдесеттите години, иако се релативно непознати во мејнстрим поп и рок круговите. Нивните два најдобро продавани албуми се: Податотекаs and Words (македонски: Слики и зборови) од 1992 кој стана златен албум и се смета за зачеток на прогресивниот метал, иако достигна само до местото број 61 на Billboard 200 топ-листата; и Octavarium од 2005, кој достигна до местото број 36 место на Билборд 200.
Групата е добро позната по техничкиот квалитет на секој инструменталист, освојувајќи многу награди од музички магазини. Тие се високо ценети од страна на голем број од најславните имиња на рок и метал музиката, што често доведува до соработка помеѓу членовите на Dream Theater со многу други добро познати музичари. Во славен пример, гитаристот Џон Петручи беше именуван за трет гитарист на турнејата G3 со Стив Ваи и Џо Сатриани, следејќи ги стапките на Ерик Џонсон, Роберт Фрип, Ингви Малмстин и други влијателни гитаристи.
Dream Theater се забележливи исто така по нивната музичка разновидност и многуте музички жанрови кои нивната музика ги вклучува, што им овозможува низ текот на годините да настапуваат со различен спектар на изведувачи. Некои од нивните највпечатливи партнери се Deep Purple, Emerson Lake and Palmer, Iron Maiden, Joe Satriani, King's X, Marillion, Megadeth, In Flames, Pain of Salvation, Porcupine Tree, Queensrÿche, Spock's Beard, Fear Factory, Enchant, Symphony X, и Yes. Во 2005, Dream Theater беа на турнеја низ Северна Америка со фестивалот Gigantour каде што беа главно име заедно со Megadeth.
Постава Моментални членови Џејмс ЛаБри - вокали и перкусија (1991 - досега) Џон Петручи - гитари и следечки вокали (1985 - досега) Мајк Портној - тапани, перкусија и следечки вокали (1985 - 2010, 2023 - досега) Џон Мјанг - бас и чапманов стик (1985 - досега) Џордан Рудес - клавијатури, хавајска гитара, и континуум (1999 - досега)
Поранешни членови Крис Колинс - вокали (1985-1986) Чарли Доминичи - вокали (1987- 1990) Кевин Мур - клавијатури (1985-1994) Дерек Шерениан - клавијатури (1995-1999) Мајк Менџини - тапани, перкусја (2010-2023)
Историја
Главна статија: Историја на Dream Theater
1985 - 1990
frame|right|Основачките членови Џон Мјанг, Мајк Портној и Џон Петручи во 1985 Dream Theater бил оформен како група во 1985 од гитаристот Џон Петручи, басистот Џон Мјанг и тапанарот Мајк Портној додека студирале на музичкиот факултет Беркли во Бостон, Масачусетс. Кевин Мур, другар на Петручи од средно училиште, бил регрутиран како клавијатурист, додека пак Крис Колинс како вокалист.
Квинтетот се договорил за името Majesty за нивната ново-формирана група (име инспирирано од описот на Портној на крајниот дел на „Bastille Day“ на групата Rush), и трите студенти на Беркли се откажале од училиштето за да се концентрираат на групата.
Нивниот прв поголем снимен проект бил насловен Majesty demos (македонски: демата на Majesty), колекција на идеи и дема кои биле издадени во 1986. Првичниот тираж од 1.000 бил распродаден за шест месеци, и дабовани копии на аудио касетите брзо се рашириле на сцената на прогресивниот метал низ целиот свет.
Во секој случај, во ноември 1986, по неколку месеци на компонирање и настапување заедно, Крис Колинс ја напуштил групата поради креативни разлики со другите членови. По една година обиди да се пронајде замена, Чарли Доминичи, кој бил далеку постар и поискусен од било кој друг во групата, успешно поминал на аудицијата за влез во групата. Со стабилноста која назначувањето на Доминичи ја донела на Majesty, тие започнале да свират на сè поголем број на шоуа во областа на Њујорк и се здобиле со значително количество на внимание за група која сè уште немала издадено албум.
Кратко откако Доминичи се приклучил кон групата тие биле приморани да го променат своето име кога друга група под името Majesty се заканила со легални мерки. Се размислувало за разни имиња сè додека таткото на Портној не го предложил името Dream Theater (македонски: Театар на сништата), име на сега веќе рушениот филмски театар во Монтереј, Калифорнија.
Тие го потпишале нивниот прв договор за албум со Mechanic (дел од Music Corporation of America), во 1988 и го снимиле нивниот деби албум. Албумот не бил голем успех.
When Dream and Day Unite бил издаден во 1989 со многу помалку фанфари отколку што се очекувало. Mechanic ги откажале повеќето од финансиските ветувања кон групата пред потпишувањето на договорот, така што тие биле ограничени да свират околу областа на Њујорк. Промоционалната турнеја за албумот се состоела од само пет концерти, сите од кои биле или во Њујорк или Род АјлендВидете го дневникот на турнеи на Мајк Портној за детали за овие концерти..
По четвртата од овие свирки Доминичи бил отпуштен поради лични и креативни разлики помеѓу него и остатокот од групата. Но, кратко потоа Марилион ги замолиле Dream Theater за свирка во Риц хотелот во Њујорк, така што на Доминичи му била дадена шансата да настапува за последен пат. Дури две години после тоа Dream Theater назначуваат постојан пејач во поставата.
1991 - 1994
thumb|200px|Dream Theater со Кевин Мур на синглот Another Day. По отпуштањето на Доминичи Dream Theater успешно се избориле за ослободување од нивниот договор со Mechanic, и започнале со аудиција на пејачи и со пишување на материјали за нивниот следен албум. Во времето додека да обезбедат вокалист, тие го напишале поголемиот дел од музиката за она што подоцна станало нивен втор албум - Податотекаs and Words.
Во нивното барање за нов пејач тие примиле на аудиција над 200 луѓе, меѓу кои и поранешниот фронтмен на Fates Warning - Џон Арч, но сите биле одбиени поради различни причини. Во 1991 им пристигнала аудио касета од канадскиот пејач на бендот Winter Rose - Кевин Џејмс ЛаБри, кој бил веднаш превезен до Њујорк за правилна аудиција. По кратка пробна сесија тој бил примен за пејач со полно работно време, и започнал да го користи неговото средно име, Џејмс, за да се избегне забуна помеѓу него и Кевин Мур.
Следните неколку месеци, групата продолжила со свирење и работела на вокалните делови за сета музика која ја имале напишано до таа точка. Издавачката куќа ATCO (сега издавачка куќа EastWest) потпишала договор со Dream Theater за седум албуми и демо со три песни (подоцна објавено во јавноста како The ATCO Demos преку обожавателските клубови на Dream Theater).
Првиот албум кој бил издаден според нивниот нов договор бил Images and Words во 1992, првиот од многуте албуми на Dream Theater снимени во студијата BearTracks. Песната „Pull Me Under“ се здоби со голема слушаност и популарност на радио, и како резултат издавачката куќа издаде видео клип за промоцијата, којшто имаше голема ротација на MTV.
Успехот на „Pull Me Under“, комбиниран со неуморните турнеи низ САД и Јапонија помогнаа Images and Words да стане златен албум во САД и платинест албум во Јапонија. Албумот наиде на одобрување од критичарите и се смета за најважен албум во развојот на прогресивниот метал. Тој албум е комерцијално најуспешниот албум на Dream Theater од сите.
Следела турнеја на Европа во 1993, во која што било вклучено шоу во популарниот лондонски џез клуб „The Marquee“. Тоа шоу било снимено и издадено како Live at the Marquee, првиот официјален албум на Dream Theater во живо, и видео компилација на нивните јапонски концерти (измешани со снимки во документарен стил од делот од турнејата зад сцената) била издадена како Податотекаs and Words: Live in Tokyo.
Желни да работат на свеж материјал, Dream Theater се повлекле во студиото во мај 1994. Сесиите од 1994 биле првите во кои Dream Theater пишувале музика како целина која била специфично наменета за еден албум, бидејќи Images and Words бил целосно компониран без вокалист и со несигурна иднина што се однесува на снимањето.
Awake, третиот студиски албум на Dream Theater, бил издаден во октомври 1994. На него се наоѓаат песни со прилично потежок звук од претходните изданија на групата, што предизвикало критики од страна на долго-годишните обожаватели, не сепак бил добро прифатен од страна на критичарите и со тоа групата се здобила со нови обожаватели. Кратко по снимањето на албумот Мур им кажал на другите членови на групата дека сака да се концентрира на своите музички интереси и дека ќе се откаже од Dream Theater. Ова го разнишало бродот на група која уживала само две години стабилност по нестабилна прва полудеценија, но Мур не бил повеќе заинтересиран за живот на музичар кој прави турнеи ниту пак за брендот на прогресивен метал кој го изведува Dream Theater, па така двете странки заминале по своите патишта.
Како резултат на тие вести, групата морала да се тревожи да пронајде замена на клавијатури наместо да организира турнеи.
Џордан Рудес, музичар во подем кој бил релативно непознат до таа точка, бил поканет да свири на пробна свирка со Dream Theater со надеж дека ќе биде примен. Свирката, во Бурбанк, Калифорнија, поминала добро но наместо тоа, Рудес се решил да ја прифати поканата од The Dixie Dregs и да настапува со нив. Дерек Шерениан бил донесен како привремен, но заклучно со промоционалната турнеја наAwake, Шерениан бил новиот клавијатурист на Dream Theater со полно работно време.
1995 - 1998
250px|thumb|Dream Theater со Дерек Шерениан По петицијата на обожавателите до издавачката куќа EastWest, групата ја снимила нивната претходно неиздадена песна „A Change of Seasons“ и ја дистрибуирале како мини-албум (EP) со колекција од живи преработки. По серија кратки концерти за промоција на мини-албумот, Dream Theater влегле повторно во студиото за изработување на нивниот нов албум.
Сè на сè, биле напишани песни во времетраење од скоро два компакт дискови вклучувајќи и 20-минутен следбеник на песната од Images and Words - „Metropolis Part 1: The Miracle and the Sleeper“. Но, издавачката куќа не го дозволила издавањето на двоен албум бидејќи сметале дека 140-минутен албум не би бил прифатлив за јавноста, па така половина од песните морало да бидат отстранети.
Со притисокот кој го вршела издавачката куќа врз бендот да присвојат звук кој е повеќе мејнстрим, EastWest го донеле продуцентот Дезмонд Чајлд да работи со Петручи на повторното пишување на текстот за неговото демо „You Or Me“ (македонски: „Ти или јас“). Целата група од корен ја преработила музиката за таа песна, и таа се појавила на албумот насловена како „You Not Me“ (македонски: „Ти не јас“), во форма која едвај е слична на оригиналот.
Материјалот кој се нашол на албумот бил издаден како Falling Into Infinity, албум кој добил мешан прием од традиционалните обожаватели на групата. И покрај тоа што албумот содржел некои многу прогресивни звуци, песните како „Hollow Years“ (македонски: „Шупливи години“) и „You Not Me“ (македонски: „Ти не јас“) ги натерале некои да веруваат дека тоа е зора на нов, мејнстрим ориентиран Dream Theater, исто како што издавањето на Empire претходно го донесе истото престројување за Queensrÿche. Албумот бил и критичко и комерцијално разочарување.
Во скорешните години, албумот е рехабилитиран до некој степен, и интересот се вратил кога Портној посочил дека неискористените песни - вклучувајќи попрогресивни песни како „Raise the Knife“ - ќе бидат издадени преку издавачката куќа на Портној YtseJam.