Марјан Божиновски (Горно Оризари, Битолско, – , ) ― македонски бранител, припадник на Посебната единица на СВР Битола при МВР, учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во Масакрот кај Вејце.

Биогафија

Живот, војната 2001 година и смрт

На 28 април 2001 година на патот меѓу тетовските села Селце и Вејце, згаснал животот на 26 годишниот Марјан и на војниците и полицајците во Масакрот кај Вејце, кои застанале во одбрана на својата македонска земја, а станале жртви на силите на ОНА.

Во Масакрот кај Вејце, иако Марјан се здобил со повеќе огнострелни рани, додека давал знаци на живот, бил запален од терористите, при што неговото тело било целосно јагленисано од изгореници од четврти степен, со одвоени долни екстремитети. Погребан е на гробиштата во Битола. Божиновски остана неженет и без деца. Марјан Божиновски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.

Поврзано

Масакр кај Вејце Наводи

Категорија:Луѓе од Горно Оризари (Битолско) Категорија:Македонски бранители