Ракометна спортска сала Духаил — затворена спортска сала во главниот град на Катар, Доха. Изградена е со цел да биде домаќин на Светското првенство во ракомет за мажи 2015.

Создавање

Арената била изградена за само 13 месеци на површина од 40.000 м2 и во јули 2014 година била скоро готова. Важи за зелена градба и биле користени најнови технологии. На 7 септември 2014 била официјално отворена.

Користење

Комплексот ќе се користи за натѕпреварите на Светското првенство во ракомет за мажи 2015 во Катар и по првенството ќе припадне на Катарската ракометната федерација. Ќе биде тренинг центар за ракометната репрезентација на Катар за мажи и жени, како и административните и медиумските простории на федерацијата.

Во рамки на комплексот припаѓаат две помали сали со по 500 места секоја, 60 соби за спиење за играчите, 25-метарски базен, како и медицински центар.

Наводи =

Надворешни врски Ракометна спортска сала Духаил

Категорија:Спортски зданија во Катар