Славе Николовски-Катин (познат како Славе Катин; роден на 19 август 1941) е македонски новинар, публицист, преведувач, уредник и општественик.
Биографија Славе Николовски-Катин е роден на 19 август 1941 година во куќа во непосредна близина на старата населба Наколец во Долна Преспа. Неколку месеци по раѓањето, неговото семејство се преселило во Љубојно, родното место на неговата мајка Сандра. Таму го поминал поголемиот дел од детството и младоста, а во Љубојно се враќа речиси во текот на целиот живот. Во селото има лична библиотека со околу 4.000 книги.
До завршувањето на основното и средното образование го носел презимето на мајка му – Грежловски. Потоа продолжил со презимето на биолошкиот татко Ристо Барџевски – Николич. Надимакот „Катин“ го добил по баба му Ката.
Образование Основно и осумгодишно училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно Средно техничко училиште, геодетски отсек „Здравко Цветковски“ во Скопје Две години Геодезија на Вишата геодетска школа во Белград Специјализиран Институт за англиски јазик и литература во Торонто, Канада Дипломиран на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1974 година.
Професионална кариера По средното образование две години работел како геометар во Општина Ресен. Во 1966 година заминал за Канада, каде престојувал четири години. Таму работел како геодет, студирал англиски јазик и литература и активно се вклучил во македонската заедница. Во 1968 година бил избран за генерален секретар на Црковната управа на Македонската православна соборна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.
Во 1970 година се вратил во Македонија преку Матицата на иселениците. Работел во Хидробиолошкиот завод во Охрид од 1974 до 1978 година како координатор и стручен преведувач за проектот со Смитсоновата фондација. Потоа продолжил во Матицата на иселениците и РК ССРНМ, а од 1991 до 1998 година бил потпретседател на Републичката комисија за односи со верските заедници.
Во 1999 година повторно се вратил во Матицата/Агенцијата за иселеништво. Во 2001 година отишол во предвремена пензија за да се посвети целосно на издаваштвото и иселеничката проблематика. Како главен и одговорен уредник на книгоиздателството „Македонска искра“ уредил и објавил неколку стотици наслови.
Меѓународни активности Како функционер на Владата на Република Македонија, имал официјални посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и Српската православна црква, во Цариградската патријаршија во Истанбул и во Ватикан во Рим.
Бил член на делегацијата на Владата на Република Македонија за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија.
Многупати патувал со делегации на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Канада, САД, Австралија, бројни европски земји, Турција и Израел.
Учествувал на околу 60–70 симпозиуми, конференции и трибини во Македонија и низ светот, каде презентирал трудови поврзани со културата, јазикот, религијата и иселеништвото.
Публицистички опус
Книги и публицистички дела Македонски холокауст (1990) Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД (1991) Во Австралија како дома (1992) Македонскиот иселенички печат (1993) Печалбарски копнеж (1993) Македонски иселенички паноптикум (1996) Иселенички хоризонти (1999) Моите патувања низ светот (2001) Македонците во САД и Канада (2002, на македонски и англиски) Илинден 1903-2003 и македонските иселеници (2003) По патеките на Евлија Челебија (2005, на турски) Иселеничка вртелешка (2008) Љубовни приказни (2011, на англиски) Светот на дланка (2014) Македонците во светот (2017) Macedonians in the World (2018, на англиски) Преспанска разгледница (2020) Избор на трудови (2023) Selected Papers for Macedonia (2024, на англиски) Патувања околу светот (2025) Познати личности во иселеништвото (2026, на македонски и англиски)
Монографии Атанас Близнаков (2000, 2017) (на македонски и англиски) Андреа Бранов (2001) (на македонски и англиски) Семејството Јановски (2002) (на македонски и англиски) Гога Печенковски (2004) (на македонски) Светле (Стив) Стамевски (2005) (на македонски и англиски) Митрополитот Кирил (2007) (на македонски и англиски) Ѓорѓи (Џорџ) Томов (2007) (на македонски) Бошко Рајчовски–Пелистерски (2008) (на македонски и англиски) Петар Стаматов (2010) (на македонски и англиски) Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски (2010) (на македонски и англиски) Илинден во Љубојно и Преспа (2013) – со Бошко Рајчовски-Пелистерски (на македонски и англиски) Монографија Гојко Јаковлески (2015) (на македонски и англиски) Есма Реџепова-Теодосиевска (2015) (на македонски, англиски и ромски) Израел и Македонија (2017) (на англиски, македонски и хебрејски) Македонски иселенички меридијани (2017) (на македонски) Монографија за семејството Видиновски (2019) (на македонски и англиски) Монографија Стив Пљакас (2019) (на англиски и македонски) Огледало (2023) (на македонски и англиски) Монографија Благоја Механџиски-Зегин (2025) (на македонски и англиски) Славе Катин – живот и дела (2025) (на македонски и англиски)
Коавторски дела Придонесот на Македонија во светската цивилизација (2004), со Антоније Шкокљев-Дончо Од Панонија до Егеј (2007), со Антоније Шкокљев-Дончо Македонија во античко време (2010), со Антоније Шкокљев-Дончо и Ристо Стефов Балканот и Македонија (2014), со Антоније Шкокљев-Дончо и Ристо Стефов Праисторија на Централниот Балкан (2019), со Антоније Шкокљев-Дончо Во чест на Свети Кирил и Методиј (1994), со Вера Стојчевска-Антиќ Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Сливничка во Преспа (2007), со Вера Стојчевска-Антиќ 40 поклоненија перед гробот на свети Кирил во Рим (2008), со Вера Стојчевска-Антиќ и епископ Климент Македонски вознес (1994), со Фиданка Танаскова Поетски иселенички меридијани (1995), со Фиданка Танаскова Илинден 1903 во Хамбург (1997), со Фиданка Танаскова Силјан Мицевски (2015), со Георги Лумбуровски Александар Македонски (2019), со Георги Бранов
Лексикографски изданија English-Macedonian Limnological Dictionary (1986) Македонски стопански речник (1990) An English-Macedonian Bio-technical Dictionary (1994) English-Macedonian Veterinary Dictionary (1996) – со Илинка Дракулевска-Грубовиќ и Никола Јордановски Библиски речник (1997) – со Петко Златески Ајде да учиме англиски и германски (1997) Ајде да учиме англиски и француски (1997) Ајде да учиме македонски, англиски и турски (1997) – со Исмие Шабан Ајде да учиме македонски, англиски и влашки (1997) – со Захарица Порчу Ајде да учиме македонски, англиски и албански (1997) – со Лирија Реџепи Ајде да учиме македонски, англиски и ромски (1997) – со Љатив Демир Водич низ компјутерската терминологија (2000) – со Стево Томовски
Преведени дела Монографија за селото Неволјани, Леринско, од Ристо Кираџиев, од македонски на англиски, со Џим Томев (1986) Александар Македонски, од Урлих Вилкен, од англиски на македонски (1988) Развој и исхрана на младите циприниди од Охридското Езеро, од д-р Милќо Точко, од македонски на англиски (1988) 50 години од постоењето на Хидробиолошкиот завод во Охрид, од македонски на англиски (1990) Страници за Македонија и Македонците, од Христо Андоновски, од македонски на англиски (1990) Македонски стопански речник, од македонски на англиски (1990)
Дела за Славе Катин од други автори Монографија Катин од Борче Наумовски, на македонски и англиски (2002) Македонски иселенички портрет од Борче Наумовски (2004) Творештвото на Славе Катин, прво издание од Душан Ристевски-Македон (2021) Творештвото на Славе Катин, второ издание од Душан Ристевски-Македон (2021)
Награди и признанија Награда „Крсте Петков Мисирков“ (1990) Признание за животно дело на Љубанските илинденски иселенички средби (2021) Глобална награда за животно достигнување од „Обединетата македонска дијаспора“ (2022) Повелба за животно дело на „Пелагонските културно-научни средби“ (2022) Почесна награда „Клучевите на Преспа“ (2026)
Членство во друштва и асоцијации Почесен член на организацијата Обединета македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД Почесен член на Македонското литературно друштво „Браќа Миладиновци“ при МПЦ „Св. Климент Охридски“ во Торонто, Канада Почесен член на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и уредник на неговото списание „Повод“ во Сиднеј, Австралија Член на Здружението на новинарите на Македонија и акредитиран новинар за Македонија за весниците „Политика“ од Белград и „Австралиско-македонски неделник“ од Мелбурн, Австралија Член на Друштвото на писатели од Битола Доживотен член на Фондацијата „Атанас Близнаков“ при УКИМ Почесен член на Светската библиска асоцијација во Лондон, Англија
Наводи „Личности од Преспа: Славе Николовски – Катин од Љубојно, аналитичар на македонското иселеништво“. Македонска нација, 20 октомври 2010.
„Славе Николовски-Катин живее живот посветен на Македонците ширум светот“ . Публицитет.мк, 19 август 2021.
Душан Ристевски-Македон: „Кој е Славе Николовски-Катин“. Македонска нација, 24 април 2024.
„Наградата за животно достигнување за 2022 година на ОМД од Вашингтон за познатиот публицист Славе Катин“ . Публицитет.мк, 17 јануари 2022.
Надворешни врски Кој е Славе Катин од Душан Ристески-Македон Биографија од Македонско сонце Официјална веб-страница Pollitecon Publications – Free Ebooks
Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски писатели Категорија:Родени во 1941 година