Макс Волф (), полно име: Максимилијан Франц Јозеф Корнелиус Волф (; Хајделберг, - ) — германски астроном и пионер во полето на астрофотографијата. Тој бил претседател на катедрата за астрономија на Хајделбершкиот универзитет и директор на опсерваторијата Хајделберг-Кенигштул од 1902 до 1932 година.

Детство и рана младост

Роден во Хајделберг, Германија на 21 јуни 1863 година како син на познат медицински доктор со име Франц Волф. Неговиот тако го поттикнувал неговиот интерес во науката и му изградил опсерваторија на својот син во градината на семејната куќа. Токму оттука Волф ќе ги направи своите први откритија, како што е кометата 14P/Волф од 1884 година.

Работа на универзитетот

Тој се школувал во градскиот универзитет од светска слава, во 1888 година, на возраст од 25 години, се стекнал со звањето проф. д-р од Хајделбершкиот универзитет. Заминува на постдипломски студии во Стокхолм и овој период е единствениот во кој тој го напуштил Хајделберг. Се вратил на Хајделбершкиот универзитет и ја прифатил местоположбата на приват доцент во 1890 година. Како познат предавач по астрономија, ги одбивал понудите за работа од другите институции. Во 1902 година бил назначен за раководител по астрономија и директор на новата опсерваторија Хајделберг-Кенигштул. Звања кои ќе ги задржи сè до неговата смрт во 1932 година.

Додека траела изградбата на новата опсерваторија Волф бил назначен да ја надгледува изградбата и опремувањето на астрофизичкиот дел од опсерваторијата. Не само што бил одличен надгледувач тој бил и одлиќен прибирач на доации. Кога бил во америка да ја види изградбата на големите нови телескопи тој се вретаил и со донација од 10.000 долари од американскиот филантропист Кетрин Вулф Брус. Вулф веднаш испланирал и нарачал двоен рефракторски телескоп од американскиот астроном и градител на инструменти, Џон Брашер. Овој инструмент е познат како Брусов двоен -астрограф, со паралелни леќи со пречник од 41 см. со отвор од f/5, со што станал основниот истражувачки телескопот на опсерваторијата. Тој исто така собрал пари за 71 см. рефлекторски телескоп, првиот продолжил да се користи за спектроскопија.

Во 1910 година Волф му предложил на претпријатието Карл Цајс за оптика да создаде нов инструмент, денес познат под името планетариум. Првата светска војна му ги попречила плановите но компанијата продолжила со работа на проектот по завршувањето на војната. Првото прикажување за јавноста било во Германскиот музеј во Минхен Германија на 21 октомври 1923 година.

За време на неговото патување во Америка бил заинтересиран да научи нешто повеќе за новото поле на астрофотографијата и така го запознава познатиот американски астроном и астрофотографер Едвард Емерсон Барнард. Двајцата ќе останат во контакт како соперници, соработници и пријатели. Волф бил запрепастен од смртта на својот пријател во 1923 година при што напишал долг некролог.

Подоцнежен живот и смрт

Универзитетот, кој веќе бил светски познат во многу други полиња, бил добро познат и по астрономија, пред сè поради водството од страна на Волф. Самиот Волф бил бил активен истражувач, придонел со бројни трудови во многу области на астрономијата до самиот крај на својот живот. Како и неговиот пријател, Едвард Емерсон Барнард, тој починал релативно млад како за еден астроном. Тој починал во Хајделбер на 3 октомври 1932 година на возраст од 69 години.

Комети и нови

Волф својата кариера ја започнал како ловец на комети и продолжил да открива нови комети сè до крајот на својот живот. Тој има откриено и кооткриено неколку комети, вклучувајќи ги 14P/Волф и 43P/Волф-Харингтон. Победил на натпреварот со Едвард е Емерсон Барнард за тоа кој прв ќе го забечежи враќањето на Халеевата Комета (P1/Halley) во април 1910 година.

Тој открил или кооткрил четири супернови: SN 1895A (позната и како VW Девица), SN 1909A (позната и како SS Голема Мечка), SN 1920A, и заедно со Карл Вилхелм Рејнмут, SN 1926A.

Темни маглини

Еден од позначајните придонеси на Волф било определувањето на природата на темните маглини. Овие области на небото, за кои уште од времето на Вилијам Хершел се сметале за „празнини на небото“, и биле загатка за астрономите. Во овие области не можеле да се забележат ѕвезди, само сеприсутна темнина. Во соработка со Едвард Емерсон Барнард, тој докажал, со внимателна фотографска анализа, дека овие темни маглини се всушност огромни облаци од фина непровидна прашина.

Ѕвезден каталог

Заедно со Едвард Емерсон Барнард, Волф ја применил астрофотографијата за набљудување на ѕвездите. Брусовиот двоен-астрограф бил првично осмислен за лов на темни астероиди, но се покажало дека истиот е идеален за проучување на сопственото движење на нискосјани ѕвезди со употреба на истата техника. Во 1919 година Волф објавил каталог на местоположбите на преку една илијада ѕвезди заедно со измерените сопствени движења. Овие ѕвезди и денес се наречени според имињата и каталошките броеви од неговиот каталог. Меѓу ѕвездите кои се откриени се Волф 359, темно црвено џуџе за кое подоцна е откриено дека е најблиска ѕвезда до Сончевиот Систем. Тој продолжил да ги определува сопствените движења на ѕвездите за својот каталог сè до крајот на својот живот, со што каталогот ќе содржи 1500 ѕвезди, многу повеќе од сите останати соперници заедно. Овие ѕвезди се значајни бидејќи ѕвездите со ниска сјајност и брзо сопствено движење, како што е Барнардовата ѕвезда и Волф 359, сè релативно близу до Земјата и токму поради ова ѕвездите од Волфовиот каталог се важни за астрономските изтражувања до ден денес. Методите кои ги користеле Едвард Емерсон Барнард и Волф продолжиле да ги користат Франк Елмор Рос и Жорж Ван Бисбрук до средината на век. Подоцна фотографските плочи се заменети со почувствителните електронски фотодетектори за астрономски набљудувања.

Астероиди

Волф го открил својот прв астероид 323 Брусија, именуван според Кетрин Волф Брус, во 1891 година. Тој бил првиот кој користел астрофотографски техники за да го автоматизира откривањето на астероидите, за разлика од старите визуелни методи, со што стапката на новооткриени астероиди се зголемувала постојано. При временско експоризираните фотографии астероидите наликуваат на куси развлечени флеки поради нивното движење во однос на ѕвездите. Тој на овој начин има откриено преку 200 астероиди.

Меѓу многуте негови откритија е и 588 Ахил (првиот тројански астероид) од 1906 година, како и други два тројанци: 659 Нестор и 884 Пријам. Тој исто така ги открил 887 Алинда во 1918 година, кој денес е познат како астероидот Амор. Кратко по неговото последно откритие (на 6 февруари 1932 година), неговиот рекорд од 248 откриени астероиди го надминал неговиот ученик Карл Вилхем Рејнмут, на 24 јули 1933 година.

Награди и почести

Златен медал од Кралското астрономско друштво во 1914 година. Брусов медал во 1930 година.

Кратерот Волф на Месечината е именувана во негова чест, како и астероидот 827 Волфиjана.

Други астрономи со име Волф

Марек Волф. Центарот за мали планети ги забележува неговите откритија како „М. Ф. Волф“ за разлика од неодамнешните откритија на „М. Волф“. Шарл Волф. Волф-Рајеовата ѕвезда била откриена од Шарл, а не од Макс Волф.

323 Брусија 22 декември 1891 325 Хајделберга 4 март 1892 328 Гудрун 18 март 1892 329 Свеја 21 март 1892 330 Адалберта 2 февруари 1910 332 Сири 19 март 1892 333 Баденија 22 август 1892 334 Чикаго 23 август 1892 339 Доротеја 25 септември 1892 340 Едуарда 25 септември 1892 341 Калифорнија 25 септември 1892 342 Ендимион 17 октомври 1892 343 Остара 15 ноември 1892 351 Ирса 16 декември 1892 352 Жизела 12 јануари 1893 353 Руперто-Карола 16 јануари 1893 385 Илматар 1 март 1894 386 Зиегена 1 март 1894 391 Ингеборг 1 ноември 1894 392 Вилхелмина 4 ноември 1894 393 Лампеција 4 ноември 1894 399 Персефона 23 февруари 1895 401 Отилија 16 март 1895 407 Арахна 13 октомври 1895 408 Фама 13 октомври 1895 412 Елизабета 7 јануари 1896 413 Едбурга 7 јануари 1896 415 Палатија 7 февруари 1896 417 Суевија 6 мај 1896 418 Алеманија 7 септември 1896 419 Аврелија 7 септември 1896 420 Бертолда 7 септември 1896 421 Церингија 7 септември 1896 434 Унгарија 11 септември 1898 435 Ела 11 септември 1898 436 Патриција 13 септември 1898 442 Ајхсфелдија 15 февруари 1899 443 Фотографика 17 февруари 1899 446 Етернитас 27 октомври 1899 447 Валентина 27 октомври 1899 448 Наталија 27 октомври 1899 449 Хамбурга 31 октомври 1899 450 Бригита 10 октомври 1899 455 Брухзалија 22 мај 1900 456 Абноба 4 јуни 1900 457 Алегенија 15 септември 1900 458 Херсинија 21 септември 1900 459 Сигне 22 октомври 1900 460 Сканија 22 октомври 1900 461 Саскија 22 октомври 1900 462 Ерифила 22 октомври 1900 463 Лола 31 октомври 1900 464 Мегера 9 јануари 1901 465 Алекто 13 јануари 1901 466 Тизифона 17 јануари 1901 467 Лаура 9 јануари 1901 468 Лина 18 јануари 1901 471 Папагена 7 јуни 1901 473 Ноли 13 февруари 1901 474 Пруденција 13 февруари 1901 480 Ханза 21 мај 1901 482 Петрина 3 март 1902 483 Сепина 4 март 1902 484 Питсбургија 29 април 1902 488 Креуза 26 јуни 1902 490 Веритас 3 септември 1902 491 Карина 3 септември 1902 492 Гизмонда 3 септември 1902 493 Гризелда 7 септември 1902 494 Виртус 7 октомври 1902 495 Евлалија 25 декември 1902 496 Грифија 25 октомври 1902 499 Венузија 24 декември 1902 500 Селинур 16 јануари 1903 501 Урхиксидур 18 јануари 1903 502 Сигуна 19 јануари 1903 509 Јоланда 28 април 1903 512 Тауриненсида 23 јуни 1903 513 Центезима 24 август 1903 514 Армида 24 август 1903 515 Аталија 20 септември 1903 520 Франциска 27 октомври 1903 522 Хелга 10 јануари 1904 524 Фиделио 14 март 1904 526 Јена 14 март 1904 527 Евријанта 20 март 1904 528 Реција 20 март 1904 529 Прециоса 20 март 1904 530 Турандот 11 април 1904 531 Церлина 12 април 1904 532 Херкулина 20 април 1904 539 Памина 2 август 1904 540 Розамунда 3 август 1904 541 Дебора 4 август 1904 549 Јесонда 15 ноември 1904 550 Сента 16 ноември 1904 551 Ортруда 16 ноември 1904 552 Зигелинда 14 декември 1904 553 Кундри 27 декември 1904 555 Норма 14 јануари 1905 557 Виолета 26 јануари 1905 558 Кармен 9 февруари 1905 559 Нанон 8 март 1905 560 Далила 13 март 1905 561 Ингвелда 26 март 1905 562 Салома 3 април 1905 565 Марбахија 9 мај 1905 570 Китера 30 јули 1905 573 Реха 19 септември 1905 574 Реџинилд 19 септември 1905 575 Рената 19 септември 1905 577 Реја 20 октомври 1905 578 Хапелија 1 ноември 1905 580 Селена 17 декември 1905 586 Текла 21 февруари 1906 587 Хипсипила 22 февруари 1906 588 Ахил 22 февруари 1906 590 Томирис 4 март 1906 592 Витсавеја 18 март 1906 594 Миреј 27 март 1906 597 Бандузија 16 април 1906 598 Октавија 13 април 1906 601 Нертус Јуни 21, 1906 605 Живизија 27 август 1906 609 Фулвија 24 септември 1906 610 Валеска 26 септември 1906 641 Агнес 8 септември 1907 642 Клара 8 септември 1907 659 Нестор 23 март 1908 683 Ланција 23 јули 1909 692 Хиподамија 5 ноември 1901 707 Штајна 22 декември 1910 712 Боливијана 19 март 1911 733 Мокија 16 септември 1912 798 Рута 21 ноември 1914 800 Кресманија 20 март 1915 801 Хелвертија 20 март 1915 802 Епиакса 20 март 1915 805 Хормутија 17 април 1915 806 Гилденија 18 април 1915 807 Сераскија 18 април 1915 809 Лундија 11 август 1915 810 Атоса 8 септември 1915 811 Нојхајм 8 септември 1915 813 Бомеја 28 ноември 1915 815 Копелија 2 февруари 1916 816 Јулијана 8 февруари 1916 817 Аника 6 февруари 1916 818 Каптајнија 21 февруари 1916 819 Бернардијана 3 март 1916 820 Адријана 30 март 1916 821 Фани 31 март 1916 822 Лалаге 31 март 1916 823 Сисигамба 31 март 1916 826 Хенрика 28 април 1916 831 Статеира 20 септември 1916 832 Карин 20 септември 1916 833 Моника 20 септември 1916 834 Бернамија 20 септември 1916 835 Оливија 23 септември 1916