Ситноцветната врбовка или ситноцветната млечика () — повеќегодишно тревно растение од семејството на ноќничињата (Onagraceae).

Опис

Биолошката форма на ситноцветната врбовка е хемикриптофитна скапозаPignatti S. - Flora d'Italia – Edagricole – 1982. Vol. II, pag. 155, нејзините хибернатски пупки се наоѓаат веднаш под површината на почвата, а флоралната оска е повеќе или помалку исправена со неколку листа.

Ситноцветната врбовици просечно достигнува 30 до 80 сантиметри висина. Стеблото е исправено и густо покриено со влакненца, особено во долниот дел. Лисјата се еден наспроти друг, тесни и назабени, заоблени во основата, 4-10 сантиметри долги. Малите цветови се бледо розови или бледо виолетови, со пречник од 6-7 милиметри, со четири ливчиња, осум прашници и четирикрака чашка. Цветниот период е од јуни до август. Хермафродитните цветови се самооплодуваат (автогамија) или од инсекти (ентомогамија).Pfaf.org Плодот е капсула долга три до седум сантиметри која содржи многу мало црно семе (долго околу 1 mm), со бели влакна кои овозможуваат ширење со ветрот. Овој вид е многу сличен со Epilobium hirsutism, но цветовите му се многу помали.Flora of Northern Ireland

Распространетост Ова растение го има во најголемиот дел на Европа и во Западна Азија, како и во САД и Канада. Schede di Botanica

Животна средина (живеалиште) Ситноцветната врбовка претпочита бари и мочуришта, влажни планински ливади и падини, на надморски висини од 0 до 1.400 метри и максимални 2.500 метри.

Медицински употреби Заради антиоксидансните и антиинфламаторните својства, екстракти од ова растение се користи во традиционалната медицина при заболувања на простатата, мочниот меур и бубрезите.Hevesi BT, Houghton PJ, Habtemariam S, Kéry A. Antioxidant and antiinflammatory effect of Epilobium parviflorum Schreb

Наводи

Категорија:Врбовка Категорија:Растенија опишани во 1771 година Категорија:Флора на Македонија