Матијас Руст — германски воздухопловец познат по своето илегално слетување близу Црвениот плоштад во Москва на 28 мај 1987 година.
Руст, пилот-аматер прелетал од Финска во Москва, и неколкупати го следела советската противвоздушна одбрана. Меѓутоа, советските ловци не го добиле бараното одобрување да го соборат, и неколкупати бил помешан со пријателско летало.
Руст кажал дека сака да создаде „имагинарен мост“ и да ги намали тензиите помеѓу двете спротивставени страни во Студената војна.
Категорија:Родени во 1968 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски мемоаристи