Перо Блажевски (роден на во Скопје) — македонски кошаркарски тренер, поранешен кошаркар и репрезентативец. кој играл за повеќе македонски екипи како МЗТ Аеродром, Работнички, Куманово и многу други.

Играчка кариера Клупска кариера Блажевски сезоната 1994/95 ја поминал во Годел Работнички. Следната сезона се преселил во МЗТ Аеродром и тогаш го освоил Купот 1996.

За сезоната 2010/11, Блажевски потпишал за Работнички по третпат во кариерата Таа сезона, Блажевски го освоил Купот на Македонија 2011, каде и бил прогласен за најкорисен играч на финалето, а на крајот бил вицепрвак во Првенството.

Репрезентативна кариера На 30 мај 1993 година, Блажевски го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација. Тренерска кариера За време на сезоната 2014/15, тој за првпат запливал во тренерските води како помошник тренер во КК Струмица.Перо Блажевски во стручниот штаб на КК Струмица ekipa.mk 7 октомври 2014 На местото на Марјан Србиновски, кој претходно станал селектор на македонската репрезентација, Перо Блажевски го заменил него на функцијата помошник тренер во Работнички.Легендата повторно дома: Перо Блажевски ѝ се враќа на првата љубов – Работнички! sportmedia.mk 10 август 2015 Во сезоната 2017/18, Блажевски со Работнички станал вицепрвак во Купот, додека во Првенството бил првак, за првпат како тренер. Во сезоната 2018/19, Блажевски станал тренер на "Б" екипата на Работнички, Работнички 2018, екипа која се натпреварувала во Втората лига. Сезоните 2019/20 и 2020/21, бил тренер на двете младински екипи на Работнички до 18 години и на екипата до 16 години.

Успеси Играчки титули Работнички Прва македонска лига (4) : 1992/93, 1993/94, 1994/95, 1997/98 Куп на Македонија (4) : 1993, 1994, 1998, 2011

МЗТ Аеродром Куп на Македонија (4) : 1996, 1997, 1999, 2000

Никол Ферт Куп на Македонија (1) : 2001 Суперкуп на Македонија (1) : 2000

Сигал Приштина Суперлига на Косово (1) : 2005/06 Куп на Косово (1) : 2006

Вардар Куп на Македонија (1) : 2007

Тренерски титули Работнички Прва македонска лига (1) : 2017/18

Признанија Крило на сезоната 2006/07 Прва најдобра петорка на сезоната 2006/07 Најдобра домашна петорка на сезоната 2006/07 Втора најдобра петорка на сезоната 2007/08 Најдобра домашна петорка на сезоната 2007/08 Најкорисен играч на финалето во Купот на Македонија - издание 2011Осма куп-титула за Работнички novamakedonija.com.mk 29 март 2011 Најдобра домашна петорка од сезоната (2011г.) Особен придонес во сезоната 2010/11

Наводи

Надворешни врски Профил на Перо Блажевски на realgm.com :it:Pero Blaževski

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркарски тренери од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Кожув Категорија:Кошаркари на КК Вардар Категорија:Кошаркари на КК Вардар Осигурување