Шибеник () — историски град во Хрватска, во Средна Далмација, каде реката Крка се влева во Јадранското Море. Тој е политички, економски, транспортен и образовен центар на Шибеничко-книнската Жупанија.
Историја По Втората светска војна, Шибеник беше окупиран од Кралството Италија до 12 јуни 1921. После Договорот во Рапало, Италијанците го предадоа градот на Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Во текот на Втората светска војна, градот беше окупиран од фашистичка Италија и нацистичка Германија. Комунистичките партизани влегоа во Шибеник на 3 ноември 1944.
Во текот на борбата за независност (1991-1995), градот беше тешко нападнат од ЈНА и српските паравоени сили. Иако невооружени, новонастанатата хрватска армија и граѓаните на Шибеник добро го бранеа градот. Битката траеше 6 дена, често нарекувана Септемвриска битка. Бомбардирањето оштети многу згради и споменици, вклучувајќи ја катедралата Св. Јован и театарот од 1870 г.
Во августовската воена операција во 1995 г., хрватската армија ги победи српските сили и ги ослободи окупираните подрачја, што помогна регионот да се опорави од војната и да продолжи да се развива како голем центар. Оттогаш, оштетените подрачја на градот се обновуваа за да градот го добие стариот лик.
Надворешни врски
Град Шибеник Хрватски туристички портал
Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Шибенско-книнска Жупанија