Хајде () — град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Дитмаршен. Воедно, градот е административно седиште на општинската заедница Хајдер Умланд, иако не е член на истата.
Германскиот збор „Хајде“ (Heide) означува рамнина. Во век четири околни села одлучиле да изградат црква во средина на рамнината. Ова подоцна станало име на градот. Точниот датум на основање не е познат, но до 1447 година, Хајде веќе бил главно село на Дитмаршен. Во ова време, Дитмаршен била независна селска република.
Хајде станал град во век и денес е туристичко одредиште.
Спорт
Фудбалскиот клуб Хајдер ФК настапува во покраинската лига на Шлезвиг-Холштајн.Verbandsliga Schleswig-Holstein table 2007-08 publisher: Fussball.de 6 јули 2008
Знаменитости Црква Св. Ѓорѓи (1560) Водокула (1903) Историски музеј на Дитмаршен Брамсхаус, куќата во која живееле наследниците на композиторот Јоханес Брамс; денес е музеј
Сообраќај
Во близина на градот се наоѓа регионалниот аеродром Хајде-Бизум, кој нуди летови до островот Хелголанд. Поголем меѓународен аеродром претставува аеродромот во Хамбург, кој се наоѓа на неколку часови возење од Хајде.
Познати жители Клаус Грот (1819–1899) — долногермански писател Рудолф Диркс (1877–1968) — стрип цртач Фриц Тидеман (1918–2000) — јавач на коњи
Меѓународни односи
Рестормел, Обединето Кралство Новогард, Полска
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Дитмаршен