Фокскечер (англиски: Foxcatcher) е американски филм (спортска драма) од 2014 година, во режија на Бенет Милер, а главните улоги ги играат: Стив Карел, Чанинг Татум, Марк Рафало, Сиена Милер, Ванеса Редгрејв итн. Во 2015 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во пет категории, а ја добил наградата за најдобра режија на фестивалот во Кан.

Содржина Снимен според вистинска приказна, филмот ја раскажува приказната за необичниот однос меѓу ексцентричниот мултимилионер Џон Дипон (го игра Карел) и двајцата браќа, шампиони во борење, Марк и Дејв Шулц (ги играат Татум и Рафало). Дипон го кани Марк на својот имот за да се подготвува за Олимписките игри во Сеул. Марк ја прифаќа поканата, сакајќи да излезе од сенката на својот брат, а Дипон се надева дека преку овој благороден гест ќе ја добие поддршката во својата околина. Но, нивната соработка постепено предизвикува трагични последици.Наташа Спирова, „Спортската драма прераснува во мрачна трагедија“, Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 10.

Наводи

Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Ванеса Редгрејв Категорија:Филмови со Марк Рафало