Јасир Асани (роден на 19 мај 1995 во Скопје) — албански фудбалер роден во Македонија, играч од средниот ред на Естеглал и на албанската репрезентација.

Клупска кариера Асани е производ на младинската школа на Вардар, а за првпат во порвиот тим бил вклучен во јули 2013 година. Своето деби во Првата македонска лига го имал при гостувањето на Вардар кај Хоризонт Турново во поразот со 2-0 на 25 август 2013, влегувајќи во игра на местото на Мирослав Јовановски во 84-тата минута. Својот прв погодок во дресот на Вардар го постигнал на 14 март 2014, во поразот од Работнички со 2-1, иако неговиот гол во 37-мата минута му донел предност на Вардар. Подоцна истиот месец го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 6-0 над Напредок на домашен терен.Напредок во играта на првакот Својата прва професионална сезона ја завршил со 12 настапи и 7 гола.

Репрезентативна кариера Асани ја има претставувано Македонија во селекциите под 19 и под 20 години, а на 13 август 2014 го направил своето деби за селекцијата под 21 година, во поразот со 3-0 на домашен терен од Израел во квалификациите за Европското првенство 2015.

Надворешни врски

Јасир Асани на soccerway Јаир Асани на transfermarkt

Наводи

Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Албански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК АИК Категорија:Фудбалери на ФК Естеглал Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година