мини|десно|Поглед на котлината од с. Наколец, Македонија мини|десно|Поглед на котлината од с. Пустец, Албанија Преспанска Котлина — котлина во југозападниот дел на Република Македонија, со помали делови во денешна Грција и Албанија. Зафаќа вкупна површина од и лежи на надморска височина помеѓу 853 и .А. Стојмилов, Физичка географија на Р Македонија, ПМФ, Скопје, 2003 Сместена е во историско-географската област Преспа.
Котлината е настаната со спуштање по должината на два напоредни раседи во правец север-југ. Во плиоценот целата котлина била исполнета со езеро, што може да се види од алувилајни наноси на рамничарското дно од котлината. Од него денес остануваат Големото и Малото Преспанско Езеро.
Положба Источната рамка ја образуваат планините Баба и Бигла, западната Галичица и Исток, северната Плакенска Планина, а на југ Преспанското Езеро, планината Корбец и државната граница со Грција. Понатаму на југ е сместено и Малото Преспанско Езеро, кое исто така влегува во котлината.
Голем дел од котлината и денес е исполнет со езеро. Во северниот дел е сместено Ресенското Поле, а рамничарски се и деловите на исток и (во помала мера) на запад од езерото. Делеку поголем е појасот долж планината Баба, кој се граничи со денешната Општина Преспа (Преспес) од Леринскиот Округ во Грција. Помалиот дел во Албанија се протега од атарот на с. Стење и, застрмувајќи се, навлегува во округот Поградец.
Клима Климатските услови и почвата се особено погодни за одгледување на јаболка, за што сведочи развиеноста на оваа гранка на овоштарството во тој крај. Најзначајно населено место во котлината е градот Ресен.
Поврзано Преспа Ресенско Поле Преспанско Езеро Општина Ресен Општина Преспа Поградец (округ)
Наводи
Категорија:Котлини во Македонија Котлина Категорија:Општина Ресен Категорија:Преспа (општина) Категорија:Географија на Ресен