Мелехеј () — рид во состав на Ајерските Ридови (Ejerbjerge). во општината Скандерборг, Среден Јитланд. Со 170,86 м, ова е највисока природна точкаЗа споредба, највисокиот вештачки објект во Данска (предавателот „Томеруп“) е висок 321 м. во Данска. Врвот е означен со мелнички камен — останка од ветерницата на ридот која работела од 1838 до 1917 г. Имала осум страни и покрив во облик на луковица.

Сè до премерот во 2005 г. се сметало дека највисоко место во земјата е ридот Идинг Сковхеј (172,66 м со могила со бронзено време или 170.77 м без неа) во општината Хорсенс, и на второ место, Ајер Бавнехеј во непосредна близина на Мелехеј. Со премерот е утврдено дека највисоките природни точки на ридовите се сепак за 9 односно 51 см пониски од Мелехеј. Истата година Мелехеј е прогласен за највисока точка во Данска.

|мини|лево|Мелничкиот камен на Мелехеј

Поврзано Гунбјерн, Гренланд — највисока точка во поширока Данска Среден Јитланд Јитланд Географија на Данска

Белешки

Наводи

Категорија:Планини во Данска Категорија:Среден Јитланд Категорија:Највисоки точки на земјите