Борче Маневски (роден на 5 јули 1985 година) — македонски фудбалер, напаѓач на тајландскиот Чаинат Хорнбил.
Клупска кариера Во сезоната 2013-14 како играч на ФК Работнички, ги освоил Првата македонска фудбалска лига и Купот на Македонија. Исто така бил втор стрелец во првенството со 17 постигнати голови, два помалку од Дејан Блажевски.
Репрезентативна кариера Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во репрезентациите под под 17, под 19 и под 21 година.
За сениорската репрезентација на Македонија дебитирал на 22 декември 2010, во поразот со 1-0 од Кина во пријателски натпревар.
Титули Работнички Македонско првенство (1) : 2013-14 Куп на Македонија (1) : 2013-14
Надворешни врски
Борче Маневски на soccerway Борче Маневски на transfermarkt
Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Фудбалери на ФК Милано Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година