мини|десно|300п|Местоположбата на поранешната општинска заедница Фер-Ланд во рамките на округот Северна Фризија
Фер-Ланд () — поранешна општинска заедница во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓала на островот Фер (освен слободниот град Вик на Фер), во Северното Море, околу 45 километри северозападно од Хузум. Нејзиното седиште било во Мидлум до 1 август 2006 година, кога било преместено во Вик на Фер. Во јануари 2007 година, општинската заедница Фер-Ланд била споена со слободниот град Вик на Фер и општинската заедница Амрум, со кои ја создале општинската заедница Фер-Амрум.
До 1 јануари 2007 година, општинската заедница Фер-Ланд се состоела од следниве општини:
Алкерзум Боргзум Дунзум Мидлум Ниблум Ефенум Олдзум Зидеренде Утерзум Витзум Вриксум
Категорија:Поранешни општински заедници во Шлезвиг-Холштајн