588 Ахил — првиот тројански астероид откриен на 22 февруари 1906 година осд страна на германскиот астроном Макс Волф. Наречен е по ликот Ахил, измислен херој од Илијада. Тој е во орбита во Лагранжова точка при системот Сонце–Јупитер. Кога биле откриени неколку такви астероиди, се воспостаило правило дека точката се „тројански астероиди (грци)“, додека пак оние во точката се „тројански астероиди (тројанци)“, но не пред секоја група од астероиди да има свои „шпиони“ (624 Хектор кај грците и 617 Патрокле кај тројанците.

Засновајќи се на податоците од IRAS, Ахил има пречник од 135 км и е 6 по големина тројански астероид.

Фотометриските набљудувања на овој астероид во периодот на 1994 гдина се искористени за образување на светлинска крива со која е определен вртежниот период од 7,32 ± 0,02 часа со промнлива светлинска величина 0,31 ± 0,01. Овој резултат бил во согласност со претходните резултати.

Наводи

Надворешни врски Orbital simulation from JPL (Java) Ephemeris

Категорија:Тројански астероиди (грци) Категорија:Астероиди од типот D Категорија:Главен астероиден појас Категорија:Астероиди наречени по ликови од старогрчката митологија Категорија:Откритија на Макс Волф Категорија:Астрономски тела откриени во 1906 година Категорија:Јупитерови тројанци (грчки табор) Категорија:Неправилни месечини