Мидлум (; фериншки: Madlem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Историја
Името се изведува од тоа што селото се наоѓа во средиштето на островот. Во исто време се наоѓал на раскрсница на двата историски главни пата, кои поминувале низ Фер во насока север-југ. Името „Мидлум“ е првпат забележано во 1462 година.
Дури и денес постои традиција во Мидлум да се оди до морската брана на пролет и да се припрема оброк. Оваа навика потекнува од времето кога овците на селото биле носени таму да го поминуваат летото. Традиционално, децата им помагаат на овчарите и потоа им биле давани кнедли.
Политика
До 2006 година, Мидлум бил седиште на општинската заедница Фер-Ланд.
Економија
Туризмот е важен приходен фактор за селото.
Образование
Мидлум има основно училиште за источниот дел на Фер и градинка.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница „Ние сме Мидлум“
Категорија:Фер Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Општини во Шлезвиг-Холштајн