Јоичиро Намбу ( ) — американски физичар со јапонско потекло, моментално професор во Чикашкиот Универзитет.Mukerjee, M. (1995) Profile: Yoichiro Nambu – Strings and Gluons, The Seer Saw Them All, Scientific American 272(2), 37-39. Познат е по својот придонес во областа на теориската физика. Во 2008 година тој ја добил Нобеловата награда за физика. Половина од наградата ја добил за неговото откритие во 1960 година за механизмот на спонтано нарушена симетрија во субатомска физика, прво поврзана со хиралната симетрија на силното заемодејство а подоцна и на електрослабото заемодејство и Хигсовиот механизам. Другата половина од наградата ја поделил со Макото Кобајаши и Тошихиде Маскава за „Откривање на потеклото на прекршената симетрија, со што се предвидува постоењето на барем три семејства кваркови во природата“(according to the NP citation).
Детство и образование
Намбу, е роден во Токио, Јапонија, во 1921 година. По дипломирањето на Фукуиското средно училиште во Фукуи, тој се запишал во Кралскиот универзитет во Токио каде што студирал физика од 1940 до 1942 и каде што магистрирал. По војната тој се вратил на Токискиот универзитет како научен соработник и во 1952 година докторирал. Во 1950 година станал професор во Осачкиот универзитет, позиција на која останал до 1956 година. Од 1952 до 1954 година, тој бил член Институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси, САД а од 1954 до 1956 година како вонреден професор на Чикашкиот универзитет, кога во 1958 година бил унапреден во професор. Од 1973 до 1976 година бил и претседател на одделот за физика. Во 1970 година станал легален американски државјанин а се пензионирал во 1991 година. Тој се оженил со Чиеко Хида во 1945 година и има син, Јуниичи.
Кариерата во физиката
Намбу ја предложил „промената на бојата“ во квантната хромодинамика има првично работено на спонтано нарушената симетрија во физиката на честичките и открил дека моделот на двојната резонанца може да се објасни како квантно механичка теорија на струните. Тој се смета за еден од основачите на теоријата на струните.
Намбу-Готова акција во теоријата на струните е именувана по Намбу и Тецуо Готи. Како и, добивањето на безмасени бозони кај теориите кај кои доаѓа до спонтано нарушена симетрија, кои понекогаш се наречени и Намбу-Голдстоунови бозони.Y. Nambu and G. Jona-Lasinio, Phys. Rev. 122, 345-358 (1961) Y. Nambu and G. Jona-Lasinio, Phys. Rev. 124, 246-254 (1961)
Признанија и Награди
Намбу има освоено бројни награди и признанија вклучувајќи ги и Хејнеменовата награда за математичка физика (1970), наградата Роберт Опенхајмер (1977), Националниот медал за науки на САД (1982), Макс Планков медал (1985), Диракова награда (1986), Бенџамин Френклинов медал од институтот Френклин (2005). Тој исто така бил награден и со половина од Нобеловата награда за физика во 2008 година „за откривањето на механизмот на спонтано нарушена симетрија во субатомски физика“.
Наводи
Надворешни врски Yoichiro Nambu, Department of Physics faculty profile, University of Chicago Profile, Scientific American Magazine Yoichiro Nambu, Sc.D. Biographical Information Nambu's most-cited scientific papers Yoichiro Nambu's earliest book for the scientific layman Yoichiro Nambu's previously unpublished material, including an original article on spontaneously broken symmetry Interview at the AIP Oral History Transcript site (July 16, 2004) "A History of Nobel Physicists from Wartime Japan" Article published in the December 1998 issue of Scientific American, co-authored by Laurie Brown and Yoichiro Nambu
Категорија:Американски физичари Категорија:Јапонски физичари Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Теориски физичари Категорија:Струнотеоретичари Категорија:Добитници на Волфовата награда за физика Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски нобеловци Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Честични физичари Категорија:Јапонски нобеловци Категорија:Носители на медалот „Макс Планк“ Категорија:Починати во 2015 година