мини|Виман во 2011 година Карл Виман ( ) — американски физичар и просветен работник при Стенфорд и добитник на Нобелова награда за физика на Универзитетот во Колорадо заедно со Ерик Корнел и Волфганг Кетерле, за добивањто на првиот вистински Бозе-Ајнштајнов кондензат.

Животопис

Виман се родил во Корвалис, Орегон Во САД и се школувал во Корвалското средно училиште. Виман својата диплома ја стекнал на МИТ во 1973 година, а докторската титула од Стенфорд во 1977 година, тој истот ака бил прогласен за доктор на науки, почесен доктор од Чикашкиот универзитет во 1977 година. Тој бил награден со Лоренцов медал во 1998 година. Во 2001 година, ја добил Нобеловата награда за физика, заедно со Ерик Корнел и Волфганг Кетерле, за добивањето на првиот Бозе-Ајнштајнов кондензат. Во 2004 година, би прогласен за Американски професор на годината меѓу сите докторски и истражувачки универзитети.

Виман се вработил на Универзитетот во Британска Колумбија на 1 јануари 2007 година, и започанал силна образовна иницијатива, задржал само 20 % од часовите на Универзитетот во Колорадо за да раководи со научниот образоврн проект кој го започнал во Колорадо. НА 1 септември 2013 година, Виман се вработил на Стенфорд со двојна настава на одделот за физика и додипломското образовно училиште.https://chronicle.com/article/Nobelist-Carl-Wieman-Moves-to/141269/

Во изминатите години, Виман бил особено вовлечен во напорите за подобрување научното образование и спровел истражување за научното образование. Виман моментално е член на Одборот за научно образование при Националната академија на науките. Тој го користи и промовира Мазуровото „упатство за корисници“, за педагошкиот систем, во кој наставниците постојано прашуваат прашања со повеќекратен избор на одговори за време на часот, при што студентите одговараат на лице место со „тастерни“ направи. Ако поголем број од студенти изберат погрешен одговор, студентите разговараат меѓусебно и се обидуваат повторно да одговорат на прашањето. Во 2007 година, бил награден со Ерстедов медал, што се доделува за значајни придонеси во предавањет на физика, од страна на Американското здружение на наставници по физика.

Виман е основач и раководител на PhET, мрежна страница на Универзитетот во Колорадо на која се претставен голем број на симулации како да се подобри учењето и предавањето на физиката, хемијата, биологијата географијата и математиката. Link

Виман е член на одборот на Американскиот саем за наука и инженерство. Виман бил предложен за претставник за наука и технологија во Белата куќа на 24 март 2010 година. Неговото сослушување пре комитетот за Трговија било на 20 мај 2010 година исотот го поминал едногласно. На 16 септември 2010 година, Д-р. Виман исто така така бил потврден едногласно. Го напуштил местото во јуни 2012 година поради здравствени причини.

Одбрани дела

Поврзано Временски развој на нискотемпературната технологија

Наводи

Надворешни врски Carl Wieman's blog at ScientificBlogging.com Carl E. Wieman biography at the Nobel Foundation Globe and Mail Article Carl E. Wieman patents at Patent Genius Group photograph taken at Lasers '95 including (right to left) Marlan Scully, Theodor W. Hänsch, Carl E. Wieman, and F. J. Duarte.

Категорија:Американски физичари Категорија:Оптички физичари Категорија:Американски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Апсолвенти на Стенфордскиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Живи луѓе Категорија:Носители на Лоренцовиот медал