Дејвид Грос () — американски честичен физичар и струнотеоретичар. Заедно со Франк Вилчек и Дејвид Полицер, е награден со Нобелова награда за физика во 2004 година за нивното откритие на асимптотска слобода. Toj е поранешен директор и сегашен предавач на Глуковото место за теориска физика на Кавлиевиот институт за теориска физика при Калифорнискиот универзитет. Тој е исто така факултативен член на одделот за физика при Калифорнискиот универзитет и е моментално поврзан со институтот за квантни студии при Чапмановиот универзитет во Калифорнија.

Животопис

Тој се родил во еврејско семејство во Вашингтон на 19 февруари 1941 година. Неговите родители биле Нора и Бертрам Мирон Грос (1912–1997). Грос се стекнал со диполмата и мгистратурата од Еврејскиот универзитет во Ерусалим, Израел, во 1962 година. Докторатот го стекнал на Клифорнискиот универзитет во 1966 година пор раководство на Џефри Чу.

Тој бил помлад член на Харвард и професор на Принстонски универзитет до 1997 година. тој е добитника на стипендијата на Мекартуровата фондација во 1987 година, Дираковиот медал во 1988 година и Харвиевата награда во 2000 година.

Во 1973 година, Грос, работејќи заедно со дипломецот, Франк Вилчек, на Принстонски универзитет, ја откриле асимптотската слобода, која вели дека колку што се поблизу кварковите, толку е помало силното заемодејство (или промената на бојата) меѓу нив, кога кварковите се во непосредна близина, јадрената сила меѓу ним е толку мала што тие се однесуваат скоро како слободни честички. Асимптотската слобода, независно биа откриена и од Полицер, и е важна за развојот на квантната хромодинамика.

Грос, заедно со Џефри Харви, Емил Мартинец и Рајан Ром исто така ја создале теоријата за хетероитична струна. Четворицата стекнале прекар „Пиринстонов струнов квартет“.String Theory, at 20, Explains It All (or Not). NY Times (2004-12-07)

Во 2003 година, Грос биле еден од 22 нобеловци кој го потпишал Хуманистичкиот манифест.

Почести и награди Дираков медал (1988) Харвиева награда (2000) Нобелова награда за физика (2004)

Наводи

Надворешни врски

Nobel citation ArXiv papers Webpage at the Kavli Institute Scientific articles of David Gross (INSPIRE-HEP database) BBC synopsis on the award Interviews Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy

Категорија:Американски физичари Категорија:Луѓе од Вашингтон Категорија:Струнотеоретичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски нобеловци Категорија:Еврејски физичари Категорија:Теориски физичари Категорија:Честични физичари Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Апсолвенти на Калифорнискиот универзитет (Беркли) Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Странски членови на Индиската национална академија на науките Категорија:Странски членови на Кинеската академија на науките Категорија:Живи луѓе