Џон Хол () — американски физичар, и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој земал една четвртина од Нобеловата награда за физика заедно со Теодор Хенш и Рој Глаубер за нивната работа во прецизната спектроскопија.
Животопис
Роден во Денвер, Колорадо,Хол поседува три дипломи од Карнегиевиот институт за технологија, и [дипломирал во 1956 година, а магистрирал во 1958 година, докторатот го зел во 1961 година. Тос своите подокторски студии ги завршил при министерството за трговија во Националното биро за стандарди, денес Националениот институт за стандарди и технологија (NIST), каде останал од 1962 година па сè до неговото пензионирање ви 2004 година. Тој држел предавања на Колорадскиот унверзитет од 1967 година.
Хол моментално е постар член на (NIST), професор во пензија и член на JILA, порано познат како Содружен институт за лабораториска астрофизика, и предавач на оддеот за физика при Колорадскиот универзитет. (JILA) — истражен институт управуван заедно од Колорадскиот универзитет и (NIST).
Хол поделил половина од својата Нобелова награда Теодор Хенш за нивната пионерска работа заснована на ласерската прецизна спектроскопија, како и на оптичкиот честотен чешел. Другата половина од наградата ја добил Рој Глаубер.
Хол има добиено многу почести за неговата пионерска работа, вклучувајќи ја тука и наградата на Оптичкото друштво на Америка Макс Борн „за пионерски придонеси при стабилни ласери, вклучувајќи ги тука и основите на физиката и од неодамна за стабилизацијата на фемтосекундните ласери, со што е постигнат драматичен напредок во оптичкочестотната методологија.“
Награди и почести
Член на Националната јаглеродна компанија, 1957–1961 Златен медал од министерството за трговија, 1969 Стратонова награда , 1971 латен медал од министерството за трговија, 1974 (групни награди) IR-100: Ласерски стабилизатор избран како еден од „100-те најдобри прозиводи во годината,“ 1975 IR-100: Ласерски брановодолжински метар („Ламбдаметар“) избран како еден од „100-те најдобри прозиводи во годината,“ 1977 Кондонова награда, 1979 Таунсова награда од Оптичкото друштво на Америка, 1984, Заедно со Чеботајев (Советска академија на науките) Девисон-Гермерова награда на Американското друштво на физичари, 1988 Почесен професор на Парискиот северен универзитет, 1989 Ајвесов медал на Оптичкото друштво на Америка, 1991 Ајнштајнова награда за ласерска наука, 1992 Шалова награда на Американското друштво на физичари, 1993 Астинова награда за мерни науки, 2000 Макс Борнова награда од Оптичкото друштво на Америка, 2002 Претседателска награда од Канцеларијата за управување на персоналот, 2002 Златен медал од министерството за трговија, 2002 (group awards) Рабиева награда, 2004 Нобелова награда за физика, 2005 Почесен професор на Глазговскиот универзитет, 2007
Наводи
Надворешни врски
The Nobel Prize in Physics 2005 CV and publication list National Institute of Standards and Technology (NIST) JILA U.S. Patent 6201638 Comb generating optical cavity that includes an optical amplifier and an optical modulator (John Lewis Hall) Hall's website Group photograph taken at Lasers '92 including, right to left, Marlan Scully, Willis Lamb, John L. Hall, and F. J. Duarte.
Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Оптички физичари Категорија:Ласерски физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Спектроскопичари Категорија:Живи луѓе