Албер Фер () (, ) — француски физичар и еден од откривачите на џиновскиот магнетоотпор што довело до напредок кај гигабитните тврди дискови. Тој е професор во пензија на Јужниот париски универзитет во Орсе и директор на содружната лабораторија ('Unité mixte de recherche') меѓу Националниот научен истражувачки центар и групацијата Талес. Исто така тој е придружен професор и на Мичигенскиот државен универзитет. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2007 година заедно со Петер Гринберг.
Животопис
Фер дипломирал во 1962 година на Вишата нормална школa во Париз. Тој го примил својот докторат во 1963 година и докторатот на науки, од Орсејски факултет за науки и Парискиот универзитет.
Во 1988 година Фер го открил џиновскиот магнетоотпор (GMR) во повеќеслојните железо и хром. Петер Гринберг од Јилиховиот истражен центар истовремено и независно го открил истиот ефект. Овие две откритија се признати како раѓање на спинтрониката. Од 1988 година, Албер Фер има направено доста откритија и во полето на спинтрониката. Тој е член на Фондацијата за еколошка иднина од 2011 година.
Почести и награди Американско друштво на физичари Меѓународна награда за нови материјали (1994) Главна награда за физика Жан Рикар од Француското друштво на физичари (1994) Меѓународен сојуз за чиста и применета физика Награда за магнетизам (1994) Хјуит-Пакардова еврофизичка награда (1997) Национален научен истражувачки центар Златен медал (2003) Волфова награда за физика (2006) Јапонска награда (2007) Член на Француската академија на науките од 2004 Нобелова награда за физика (2007)
Наводи
Надворешни врски Unité Mixte de Physique CNRS/Thales official website
Категорија:Француски нобеловци Категорија:Француски физичари Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Добитници на Волфовата награда за физика Категорија:Заповедници на Легијата на честа Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Апсолвенти на Високата нормална школа Категорија:Живи луѓе