мини|десно|Леќини растенија пред цветање
Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; ) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура. Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во мешунка.
Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.
По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна. Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.
мини|десно|Ботаничка илустрација на леќата од 1885 г.
Хранлива вредност и здравствени особини
Со приближно 30% од калориите во белковински облик, леќата го зазема третото место по застапеност на белковини по единица тежина од сите зрнести, оревести и мешункасти плодови, веднаш по сојата и конопот.Callaway JC (2004). Hempseed as a nutritional resource: an overview. Euphytica 140:65–72. Во белковините се застапени неопходните аминокиселини изолеуцин и лизин. Како таква, леќата има голема улога како важен извор на белковини кај земјите од Западна Азија и Индискиот Потконтинент кои имаат големо вегетаријанско население. Од друга страна, растението е недостатно на две еденцијални аминокиселини: метионинот и цистеинот.
Леќата содржи и прехранбени влакна, фолна киселина, витамин Б1 и минерали. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%). Важи за мошне добар извор на железо. Една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.
Бидејќи леќата има мали количества на лесносварлив скроб (5%), а доста бавносварлив скроб (30%), таа е особено погодна за лица со шеќерна болест. Останатите 65% се отпорен скроб од класата RS1,Kawaljit Singh Sandhu, Seung-Taik Lim Digestibility of legume starches as influenced by their physical and structural properties Elsevier, 16 март 2007 кој е висококвалитетен отпорен скроб со 32% амилоза.
Леќата има и извесни противхранлици чинители, како што се трипсински забавувачи и релативно големата количина на фитати. Трипсинот е ензим со улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат биорасположивоста на прехранбените минерали."Effect of processing on some anti-nutritional factors of lentils", J. Agric. Food Chem. Количеството на фитати може да се намали со чување на леќата во топла вода одвечер.
Производство мини|десно|Производство на леќа во светот
Растението се одгледува ширум целиот свет и е релативно отпорно на суша. Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) во 2009 г. во светот се произведени 3,917 милиони тони леќа, од кои најголемиот дел во Канада, Индија, Турција и Австралија.
Во Република Македонија производството на леќа бележи голем пад во последните две децении. Во 2007 г. се произведени 87 тони, споредено со 177 тони во 1999 г. и 254 тони во 1992 г.
Околу една четвртина од леќата во светот се произведува во Индија и речиси сета се троши на домашниот пазар. Канада е најголем извозник на леќа во светот, при што 99% од неа се произведува во Саскачеван. Во сезоната 2009/10 во земјата се произведени рекордни 1,5 милиони тони. Најзастапена сорта е светлокафеавата.
+ 10 најголеми производители на леќа (во тони)МестоЗемја201020112012 1 1.947.100 1.531.900 1.493.620 2 1.031.600 943.800 950.000 3 140.000 379.659 463.000 4 447.400 405.952 438.000 5 392.675 214.640 240.490 6 151.757 206.969 208.201 7 80.952 128.009 151.500 8 125.000 150.000 145.000 9 77.328 112.470 130.229 10 100.174 71.808 85.000 — Цел свет 4.686.673 4.386.870 4.522.097 <center> Извор: Организација за исхрана и земјоделство на ООН
Поврзано Дал (јадење) Зрнеста култура
Наводи
Надворешни врски
Леќа – добар извор на белковини — „Здравје и храна“
Категорија:Бобови Категорија:Глушини Категорија:Зеленчук