Сер Овен Виланс Ричардсон ( - ) — британски физичар кој добил Нобелова награда за физика во 1928 „за неговата работа на термоелектронскиот феномен и особено за откривањето на термоелектронскиот закон наречен по него“.
Животопис Ричардсон се родил во Девсбру, Јоркшир, Англија, единствениот син на Џошуа Хенри и Шарлот Марија Ричардсон. Се образовал во „Бетли“ школото за граматика и колеџот „Тројство“ во Кембриџ, каде што добил првокласни почести по природни науки. Тогаш тој станал доктор на науки во Универзитетскиот колеџ во Лондон во 1904.
По дипломирањето во 1900, почнал да истражува за емисијата на електрична енергија од вжештени тела во Кевендишката лабораторија во Кембриџ, и во 1902 станал член на колеџот „Тројство“. Во 1901, демонстрирал дека вредноста од вжештена жица зависи експоненцијално од температурата на жицата со математичка форма слична на Равенката на Арениус. Ова станало познато како „Закон на Ричардсон“: „ Ако негативното зрачење се должи на честичките кои произлегуваат од металите, вредноста на заситеност (s) треба да го почитува законот “.O. W. Richardson (1901) "On the negative radiation from hot platinum," Philosophical of the Cambridge Philosophical Society, 11 : 286-295; see especially p. 287.
Ричардсон бил професор во Универзитетот Принстон од 1906 до 1913, и се вратил во Велика Британија во 1914 за да стане „Витстоун“ професор по физика во Кралскиот колеџ (Лондон), каде подоцна бил главен истражувач. Се пензионирал во 1944 и починал во 1959.
Тој исто така го проучувал и фотоелектричниот ефект, гиромагнетниот ефект, емисијата на електрони при хемиски реакции, слаби Х-зраци, и спектарот на водородот.
Ричардсон се оженил со Лилијан Вилсон, сестра на негов колега од Кевендиш, Херолд Вилсон, во 1906, и заедно имале два сина и една ќерка. Сестрата на Ричардсон се омажила за американски физичар и нобеловец Клинтон Дејвисон, студент на Ричардсон. По смртта на Лилијан во 1945, повторно се оженил во 1948 со Хенриет Рап, физичар.
Овен Виланс Ричардсон имал син Херолд Овен Ричардсон кој бил специјалист за јадрена физика и исто така бил директор, оддел на физичари, колеџ „Бедфорд“, Лондонски универзитет и подоцна станал „емиритус“ професор во Лондонскиот универзитет.
Почести Ричардсон станал член на кралското друштво во 1913, и бил награден со Хјузовиот медал во 1920. Ја добил Нобеловата награда по физика во 1928, „за неговата работа на термоелектронскиот феномен и особено за откривањето на термоелектронскиот закон наречен по него“.Nobel prize citation, Nobel foundation website Бил прогласен за витез во 1939.
Наводи
Библиографија
Надворешни врски Owen Richardson's Nobel lecture on thermionics, December 12, 1929
Категорија:Британски нобеловци Категорија:Англиски физичари Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Теориски физичари Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Англиски нобеловци Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет Категорија:Членови на Пруската академија на науките