Бојоица — археолошко наоѓалиште во прилепското село Браилово. Претставува некропола од доцноантичко време.

Местоположба

Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата западна страна и на околу 50 метри десно од патот што оди за селото Слепче.

Опис

На наоѓалиштето била најдена надгробна стела од гранит, на која во горниот дел е претставена женска глава во плиток релјеф, а под неа едикула со старогрчки натпис во 4 реда.

Поврзано Манастир Св. Илија — базилика од старохристијанско време; Петочна Вода — некропола од хеленистико римско време; Селски Гробишта — некропола од доцноантичко време; Тумба — некропола одримско и доцноантичко време; Грамаѓе — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Соколица — населба и некропола од непознат период; Браилово; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Браилово