Брајан Шмит ( ) — угледен професор, член на Австралискиот совет за истражување и астрофизичар при Австралискиот национален универзитет опсерваторијата Маунт Стромло и Истраќувачкота школа за астрономија и астрофизика, и е познат по неговото истражување кое ги користи суперновите како космички стандарди. Тој денес е на позиција во Австралискиот федерален истражен совет и е избран за член на Кралското друштво во 2012 година. Шмит ги поделил 2006 Шововата награда во 2006 година и Нобеловата награда за физика со Сол Перлмутер и Адам Рис за обезбедувањето на доказ дека ширењето на универзумот забрзува.

Младост и образование

Шмит, дете единец, е роден на 24 февруари 1967 година, во Мисула, Монтана, каде неговиот татко Дана Шмит бил рибен биолог. Кога имал 13 години, неговото семејство се преселило во Енкориџ, Алјаска.Restless experimenter The Canberra Times, 6 April 2011, p 8."FACTBOX-Nobel physics prize winners", Reuters News, 4 October 2011.

Шмит се образувал во месното училиште во Енкориџ и дипломирал во 1985 година. Тој има изјавено дека посакувал да биде метеоролог „откако имав пет години“ но „... имав некоја работа со американскиот Национален временски сервис во Енкориџ но не почувствував задоволство. Беше без многу наука, не толку возбудливо како што си мислев се беше рутина. Но претпоставува дека бев наивен кога станува збор за она што го сметав дека е да се биде метеоролог.“ Неговата одлука да учи астрономија, за која сметал дека е „минување на времето“, била направена момент пред да се запише на универзитет."Star turn in global success", The Canberra Times, 1 July 2006, p B02. Тој својата диплома ја стекнал на Аризонскиот универзитет во 1989 година."SCHMIDT, Brian" in Who's Who Live (Australia), Crown Content Pty Ltd accessed 4 October 2011. Својата магистерска титула ја стекнал во 1992 година на Харвард.The Universe from Beginning to End, Pollock Memorial Lecture, April 2009, The University of Sydney accessed 5 October 2011. Шмитовата докторска теза била под менторство на Роберт Кишнер и користел супернови од типот II за да ја измери Хабловата константа.

На Харвард, ја запознал својата идна сопруга, австралијанката Џенифер Гордон која била докторант по економија. Во 1994 година, тој се преселува во Австралија.

Работа

Шмит бил подокторски член на Харвард-Смитсонијановиот центар за астрофизика (1993–1994) пред да се пресели во Маунт Стромло во 1995 година.

Во 1994 година, Шмит и Николас Сунцеф ја оформиле екипата Високо-Z потрага по супернови за да го измерат очекуваното успорување бна универзумот и успорувачкиот параметар q0 користејќи ги растојанијата до суперновите од типот Ia. Во 1995 година, некговата екипа на состанок во Смитсоновиот центар за астрофизика го избрале Шмит за водач на екипата. Шмит ја водел екипата од Австралија и во 1998 година во трудот објавен од екипата чиј прв автор бил Адам Рис бил прикажан првиот доказ за тоа дека ширењето на универзумот забрзува.Cosmology ABC Catalyst segment on Cosmology, with Brian Schmidt, Ray Norris, & Lawrence Krauss Набљудувањата на екипата биле во спротивност со дотогашната теорија за ширењето на универзумот, со набљудувањето на сјајноста и мерењето на црвеното поместување на суперновите, тие откриле дека овие ѕвезди стари и по неколку милијарди години во нивните галаксии забрзувале во однос на нашиот појдовен систем. Овој резултат бил ското истовремено потврден и од противничката екипа, раководена од стана на Сол Перлмутер. Потврдувачките податоци на двете екипи придонеле за прифаќање на теоријата за забрзувачкиот униврзум и започнало ново истражување за природата на универзумот, како што е постоењето на темната енергија. Откривањето на забрзувачкиот универзум било прогласено за напредок на годината од страна на списанието Science во 1998 година, и Шмит бил заеднички награден со Нобеловата награда за физика заедно со Рис и Перлмутер.

Шмит моментално го води телескопскиот проект Скајмапер и придружното истражување на јужното небо.

Во јули 2012 година на Шмит му бил доделен тригодишен мандат во советодавниот совет Квестакон.

Награди

Шнит ја има добиено владината Мекинтошова анграда во 2000 година, Харвардовата Бокова награда во 2000 година, Павсиевиот медал од Австралиската академија на науките и Ваину Бапуовиот медал од Астрономското друштво на Индија во 2002 година. Тој беше Арсонов предавач во 2005 и 2006 година, тој ја поделил Шововата награда за астрономија со Адам Рис и Сол Перлмутер.

Шмит и останатите членови на екипата ја поделиле Груберовата награда, во износ од $500.000, со Сол Перлмутер за нивното открите дека ширењето на универзумот забрзува. Шмит, Адам Рис, и екипата ја поделиле наградата за напредок во основите на физиката во 2015 година.

Шмит, заедно со Рис и Перлмутер, заеднички ја освоиле Нобеловата награда за физика за нивните набљудувања кои довеле до откривањето дека ширењето на универзумот забрзува .

Шмит бил назначен за Придружник на Редот на Австралија во 2013 година.

Хоби

Шмит произведува вино и ужива да готви.

Тој и неговата сопруга се спопственици на Мајпенрај, мала винарска визба подигната во 2000 година во Нов Јужен Велс, во близина на Камбера, која е рангирана како винарија со четири ѕвезди од страна на James Halliday Australian Wine Companion. За да ги засили виновите одлики, Шмит исто така вели дека „Полесно е да го продадеш сопственото вино акако си добитник на Нобелова награда.“ На доделувањето на Нобеловата награда во Стокхолм во 2011 година, тој му подари шише вино од сопствената визба на шведскиот крал Карл XVI Густаф.

Поврзано Космолошка константа Темна енергија

Наводи

Извори Brian P Schmidt - Curriculum Vitae

Надворешни врски

with Brian Schmidt for Australian Astronomers oral history project, National Library of Australia Brian Schmidt's Home Page Nobel Prize in Physics 2011 Announcement Brian Schmidt's Twitter page @CosmicPinot

Категорија:Австралиски академици Категорија:Космолози Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Австралиски нобеловци Категорија:Американски нобеловци Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Членови на Австралиската академија на науките Категорија:Живи луѓе