Џејмс Мекгил Бјукенан Помладиот (; — ) — американски економист познат по неговата работа на теоријата на општествен избор, за која ја добил Нобеловата награда за економија во 1986 година. Делото на Бјукенан поттикнало истражување за тоа како интересот на политичарите и неекономските сили влијаат на владината економска политика. Бил член на Советот на советници на Институтот Индепендент, член (и некое време претседател) на Друштвото Мон Пелерен, член на Институтот Като и професор на Универзитетот Џорџ Мејсон.

Животопис

Бјукенан е роден во Марфрисборо, Тенеси, како најстаро дете на Џејмс и Лајла (Скот) Бјукенан. Бил внук на Џон Бјукенан, гувернер на Тенеси во 1890-тите години.Reuben Kyle, From Nashville to the Nobel Prize: The Buchanans of Tennessee (Twin Oaks Press, 2012). Дипломирал на Државниот колеџ Среден Тенеси во 1940 година. Бјукенан ја завршил магистратурата на Универзитетот Тенеси во 1941 година. Воените години ги поминал под водство на адмиралот Нимиц во Хонолулу и во текот на војната се оженил со Ен Бак, на 5 октомври 1945 година; Ен, со норвешко потекло, работела како медицинска сестра во воената база во Хаваи.

Бјукенан се чувствувал како социјалист во неговата младост и не бил сместен за силниот пазарен пристап кон економијата на Чикашкиот универзитет. Неговите студии таму, особено под водство на Френк Најт, го претвориле во „предан адвокат на пазарниот поредок“.http://econjwatch.org/ancillary/IPEL.html Бјукенан го добил својот докторат на Чикашкиот универзитет во 1948 година за неговата теза „Фискална правичност во сојузната држава“ во која бил под големо влијание на Френк Најт. Исто така, додека бил во Чикаго за првпат го прочитал и пронашол откровение во делото на Кнут Виксел. Оттогаш, сликите на Најт и Виксел виселе во неговата канцеларија.

Бјукенан бил основан на новата Школа за политичка економија во Вирџинија.

Предавал на Универзитетот Вирџинија од 1956–1968 година, каде го основал Центарот за студии за политичка економија „Томас Џеферсон“.

Предавал на УКЛА во периодот 1968–1969, по што се префрлил на Политехничкиот институт Вирџинија (1969–1983), каде го основал Центарот за студии на општествениот избор (CSPC). Во 1983 година настанал конфликт со главниот на економската катедра Даниел Ор и Бјукенан го префрлил Центарот во неговиот нов дом на Универзитетот Џорџ Мејсон.

Исто така, предавал на Државниот универзитет Флорида и на Универзитетот Тенеси.

Во 1988 година, Бјукенан се вратил на Хаваи по првпат од времето на војната и одржал низа предавања. Во 2001 година, Бјукенан добил почесен докторат од Универзитетот Франсиско Марокин, во Гватемала, за неговите придонеси кон економијата.

Работата на Бјукенан се насочила на јавните финансии, јавниот долг, гласањето, ригорозна анализа на теоријата на меѓусебни услуги, макроекономијата, уставната економија и либертаријанската теорија.Peter Barenboim, Natalya Merkulova. "The 25th Anniversary of Constitutional Economics: The Russian Model and Legal Reform in Russia, in The World Rule of Law Movement and Russian Legal Reform ", edited by Francis Neate and Holly Nielsen, Justitsinform, Moscow (2007).

Бјукенан починал на 9 јануари 2013 година во Блексбург, Вирџинија, на 93 години. Весникот New York Times коментирал дека Нобеловиот лауреат, кој ја вовел теоријата на општествен избор, влијаел на „генерација на конзервативно мислење околу дефицитите, даноците и големината на владата“.

Пристап кон економската анализа

Бјукенан бил одговорен за повторното раѓање на политичката економија како дисциплина.Boettke, P.J. (1998). James M. Buchanan and the rebirth of political economy, in (S. Pressman and R. Holt, eds.), Against the Grain: Dissent in Economics, pp. 21–39, Aldershot, UK: Edward Elgar Publishing, 1998 Бјукенан нагласил дека јавната политика не може да биде разгледувана во поглед на распределбата, туку секогаш е прашање на избор над правилата на играта кој произведува шаблон на размена и распределба. Неговата работа на теоријата за општествен избор е често претставувана како суштински случај на економскиот империјализам;Amartya Sen, in Economics and Sociology, ch. 14, Princeton: Princeton University Press. p. 263 меѓутоа, Амартија Сен сметал дека Бјукенан не треба да биде идентификуван со економскиот империјализам, бидејќи Бјукенан направил воведувајќи етика, правно мислење во политиката и општествено мислење во економијата.Swedberg, R. (1990). Economics and Sociology: On Redefining Their Boundaries, New Jersey: Princeton University Press. p. 263 Круцијално за разбирање на системот на мислење на Бјукенан е разликата што ја направил помеѓу политичката сцена и водењето политика. Политичката сцена е за правилата на игра, каде водењето политика е насочено на стратегиите кои играчите ги прифатиле во рамките на зададените правила. „Прашања околу што се добри правила на играта се во доменот на општествената филозофија, каде прашања околу стратегиите кои играчите ќе ги прифатат овие правила е доменот на економијата и е игра помеѓу правилата (општествена филозофија) и стратегиите (економија) што образува она што Бјукенан го нарекува како уставна политична економија“."Where Economics and Philosophy Meet: Review of The Elgar Companion to Economics and Philosophy with responses from the authors", The Economic Journal, 116 (June), 2006

Важниот пристап на Бјукенан кон конституционализмот е развојот на поддисциплина на уставната економија.menu , Library of Economics and Liberty., 1990. "The Domain of Constitutional Economics," Constitutional Political Economy, 1(1), pp. 1–18. Also as at 1990b & . Според Бјукенан, етиката на конституционализмот е клучен за уставниот поредок и „може да се нарече идеален Кантов свет“, каде поединето „кој го прави поредокот, заедно со сите негови членови, го прифаќа моралното право како општо правило за однесување“.James Buchanan, The Logical Foundations of Constitutional Liberty, Volume 1, Liberty Fund, Indianapolis, 1999, p. 314 Бјукенан ја одбива „секоја органска концепција на држава како супериорна во знаење кон граѓаните на оваа држава“. Оваа филозофска позиција ја создава основата на уставната економија. Бјукенан верува дека секој устав е создаден за најмалку неколку генерации на граѓани. Затоа мора да биде во рамнотежа на интересите на државата, на општеството и на секој поединец.Buchanan, J., Logical Formulations of Constitutional Liberty, Vol. 1, Indianapolis, 1999, p. 372.

Бјукенан е сметан за квазичлен на Австриската економска школа, иако службено не е поврзан со школата, но делел многу слични верувања. Како што Бјукенан изјавил: „Јас навистина имам голема приврзаност со австриската економија и немам никакви приговори да бидам наречен Австриец. Хајек и Мизез можеби ме сметаат за Австриец, но, секако некои од другите не“. Бјукенан понатаму кажал: „Јас не бев поврзуван со Мизез додека не напишав статија за изборот на поединецот и гласањето на пазарот во 1954 година. Откако го завршив нацртот отидов да видам што Мизез кажал во Човечка акција. Пронајдов, неверојатно, дека бил многу близу со тоа што јас се обидував да го кажам“.https://mises.org/journals/aen/aen9_1_1.asp

Список на публикации

Негови главни книги до 1988 година биле: „Слобода, пазар и држава“, 1985; „Причината за правила“ (со Бренан), 1985; „Моќта на данокот“ (со Бренан), 1980; „Што треба да прават економистите“, 1979; „Слобода во уставниот договор“, 1978; „Демократија во дефицит“ (со Вагнер), 1977; „Границите на слободата“, 1975; „Трошок и избор“, 1969; „Побарувачка и понуда на јавни добра“, 1968; „Јавните финансии во демократскиот процес“, 1967; „Калкулус на согласност“ (со Талок), 1962; „Фискална теорија и политичка економија“, 1960; „Јавни принципи на јавниот долг“, 1958. [http://www.econlib.org/library/Buchanan/buchCContents.html Собрани трудови на Џејмс Бјукенан] на Библиотека за економија и слобода. Задржани права, но девет од 20. трудови се достапни за читање. Список на публикации на Бјукенан од 1949 до 1986 година може да се најде на Скандинавско економско списание , 1987, изд. 89. бр. 1, стр. 17–37. Овие се достапни преку Библиотека на економија и слобода на: Јавни принципи на јавниот долг: Одбрана и повторување Калкулус на согласност: Логични основи на уставната демократија со Гордон Талон Јавните финансии во демократскиот процес: Фискални институции и поединечен избор Побарувачка и понуда на јавни добра Трошок и избор: Прашање во економската теорија Границите на слободата: Помеѓу анархија и чудовиште Демократија во дефицит: Политичкото наследство на Лорд Кејнс со Ричард Вогнер Моќта на данокот: Аналитички основи на фискалниот устав со Џофри Бренан Причината за правила: Уставна политичка економија со Џофри Бренан Зошто јас, исто така, не сум конзервативец: Нормативна визија на класичниот либерализам'' (Челтенхем, Велика Британија, 2005)

Наводи

Надворешни врски

Биографија на GMU Идеолошки профил YouTube Животот и делото на Џејмс Бјукенан

Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 2013 година Категорија:Американски економисти Категорија:Либертаријанци Категорија:Американски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за економија Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет