Кале — археолошко наоѓалиште во прилепското село Гостиражни. Претставува утврдување од непознат период.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоња, Београд 1998
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на границата на атарот со селото Богомила.
Опис
Во 1951-1957 година, македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека на границата на атарот со село Богомила се наоѓа утврдување од кое останале само рушевините од бедемот. Целото наоѓалиште тогаш било прекриено со шума. Крај утврдувањето поминувал главниот пат на горните прилепски села до сливот на реката Бабуна.
Поврзано Св. Атанас — осамен наод од римско време; Јаричиште — населба од непознат период; Старо Гостиражни — населба од непознат период; Гостиражни; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Гостиражни